Димитар Бечев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Бечев
Роден Димитар Христов Бечев
1975
Софија, Бугарија
Занимање Политички науки

Димитар Христов Бечев (Роден Софија, 1975) — учител на политички науки од Бугарија. Тој е познат во македонија за неговите оспорени гледишта кон Македонското прашање.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во 1975 г. во градот Софија. Завршува Националната гимназија за антички јазици и култури. Член е на раководството на младинската организација ВМРО-СМД од 1995 до 2001 г. Има докторска степен по меѓународни односи од Оксфордски универзитет во Велика Британија и магистратури по меѓународни односи и по право од Софискиот универзитет. Специализирал е во Институти по економија во Лондон и во Харвард во САД. Работил и како директор на Софиското биро на Европскиот совет како надворешен политичар.[1]

Контроверзни гледишта[уреди | уреди извор]

Димитар Бечев во неговата книга „Историски дикционер на Република Македонија“ изјаснува различни контроверзни гледишта. Еден од неговите теории е дека Мирче Ацев не беше убиен од Бугарската фашистичка полиција, туку тој самиот се самоубил преку скокање низ прозорецот. Тој исто верувал во теоријата дека Македонскиот идентитет беше формиран после 1940тите, и дека сите дејци на МРО и ВМРО (Обединена) се гледале како „Бугари“ пред 1930тите, вклучувајќи го Димитар Влахов.

Димитар Бечев исто верува во теоријата дека првиот устав на Македонската револуционерна организација ја именува организација како „Бугаро-Македоно Одр. Рев. Комитет“. Голем број на гледиштата на Димитар Бечев се исти со бугарската историографија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Автори: Димитър Бечев, сайт на издателство Изток-Запад.