Див кунич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дивиот кунич или познат како зајак дупкар спаѓа во класа цицачи, ред гризачи. Негово латинско име е Oryctolagus cuniculus L[1].

Распространетост[уреди]

Татковината на европскиот див кунич се земјите на Средоземјето. Од овие места е преселен во многу земји на Средна Европа и Северна Европа. Се среќава во Далмација и на некои од нејзините острови.

Градба[уреди]

Куничот е сосема сличен на нашиот домашен зајак, само што од него е прилично помал и не може да биде потежок од 2кг. Главата му е валчеста и ушите му се покуси од главата.

Исхрана и живеалиште[уреди]

Живее во колонии и во подземни ходници што ги копа. За живеење му одговараат суви пропустливи земјишта во кои може лесно да ги копа своите живеалишта. Се храни со истата храна како и зајакот, но бидејќи живее во колонии и на исто место, причинува големи штети на едно подрачје.

Размножување[уреди]

Се размножува речиси преку целата година. Женката носи од 28-31 ден и може да окоти од 5-12 младенчиња. Пред раѓање женката копа посебен ходник, односно гнездо кое го обложува со сува трева и влакна. Штотуку родените младенчиња се голи и слепи, а прогледуваат по десеттиот ден. Цицаат 3 недели, а потоа се осамостојуваат.

Наводи[уреди]

  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1978