Дива мачка
| Дива мачка | |
|---|---|
| Европска дива мачка | |
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Ѕверови |
| Фамилија: | Мачки |
| Род: | Мачка |
| Вид: | F. silvestris |
| Биномен назив | |
| Felis silvestris Јохан Кристијан Даниел фон Шребер, 1775 |
|
|
Види го текстот |
|
| Петте подгрупи на Felis според истражувањето во 2007 година на ДНК-а. | |
Дивата мачка е силно животно со тркалезна глава.
Карактеристики [уреди]
Има кратка муцка и кратки уши. Меѓу острите заби се издвојуваат острите долги песјаци. Телото е покрено со густо сиво-кафеаво крзно со напречни темни шарки. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прста, а на задните четири, што се одоздола секогаш црни. На прстите има канџи кои може да ги вовлекува. Градите и стомакот имаат побледа еднолична боја. Мажјакот е поголем и израснува до 90cm во должина, од што опашката зафаќа околу 37cm, а е тежок до 15 kg. Живее во во шуми со шумски чистини. Активна е и ноќе. Лови приквечер или в зори. Внимателна е, добро трча и се качува по дрвја. Лови жив плен-зајаци, птици, глувци. При крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки.
Распостранетост [уреди]
Освен во северна, распостранета е речиси во цела Европа. Таа е загрозен вид, зашто се лови заради ценетото крзно.[1]
Наводи [уреди]
- ↑ Животинско Царство