Денис Нижегородов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Денис Нижегородов
Денис Нижегородов
Медали
Натпреварувач за  Русија
Машка атлетика
Olympic Games
Сребрен медал – второ место 2004 Атина 50km брзо одење
Бронзен медал – трето место 2008 Пекинг 50km брзо одење
Светски Првенства
Сребрен медал – второ место 2011 Тегу 50km брзо одење

Денис Генадиевич Нижегородов (руски:Денис Геннадьевич Нижегородов) (роден на 26 јули 1980) — руски атлетичар којшто се натпреварува во брзо одење. Тој е сопственик на најдобриот светски резултат во дисциплината 50km брзо одење од 3:34,14 поставен на 11 мај 2008 во Чебоксари.

Денис Нижегородов започнал да се занимава со брзо одење на 18 години предводен од познатиот руски тренер Виктор Чјогин.

На Летните олимписки игри - 2004 одржани во Атина во пеколни услови, Нижегородов го освои сребрениот медал на трката 50 км брзо одење.

Но неговиот напредок продолжи во наредните сезони кога најпревин во 2006 победи на светскиот куп во брзо одење во А Коруња во дисциплината 50 км брзо одење, а по вторпат овој успех го повтори со победата во истиот овој куп во истата дисциплина, на 11 мај 2008 во Чебоксари кога го постави и новиот најдобар светски резултат од 3:34,14.

На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг, Денис Нижегородов настапи во трката на 50km брзо одење и го освои бронзениот медал со време од 3:40,14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]