Дел-реченица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дел-реченица[1] (англиски: clause) е најмала граматичка единица која може да изрази целосна препозиција (реченица).[2] Во некои јазици дел-реченицата може да е составена од група зборови како што е на пример подмет и прирок, а во други јазици може да има отсуство на подметот т.е. користење на безлични реченици. Наједноставниот вид реченици се составени од една единствена независна дел-реченица, односно независна реченица. Сложените реченици се составени од повеќе дел-реченици, кои може да бидат зависни и независни. Независни дел-реченици (реченици) се тие кои можат да стојат самостојно, иако може понекогаш да бидат додадени на други подолги реченици. Зависни дел-реченици (реченици) се тие реченици кои не можат да стојат самостојно и ако се искажат самостојно тие имаат несфатливо и чудно значење. Зависните дел-реченици мора да бидат во комбинација со независна дел-реченица.

Често дел-речениците се споредуваат со фразите. Сепак, дел-речениците се разликуваат во тоа што тие имаат подмет и прирок, а глаголските фрази имаат глагол и пропратни елементи. Технички гледано, фраза е група зборови кои семантички и синтактички функционираат како една зборовна група. За илустрација е земена реченицата „Не знаев дека кучето трчало низ дворот“, која е составена од дел-реченицата „дека кучето трчало низ дворот“, која пак е составена од фразите „кучето“, „трчало“ и „низ дворот“.

Граматичка класификација[уреди]

Традиционално граматичките елементи се класифицирани од најмала до најголема единица, односно:

фонемаморфемазборфразадел-реченицареченицатекст

Наводи[уреди]

  1. Дел-реченицата често е именувана само како реченица.
  2. Kroeger, Paul (2005). „Analysing Grammar: An Introduction“. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 32. ISBN 978-0-521-01653-7. 

Поврзано[уреди]