Независна реченица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Независна реченица, главна реченица или ретко независна дел-реченица, е реченица или дел-реченица која може да функционира самостојно во еден текст. Ваквиот вид реченици често се нарекува и како проста реченица. Главните реченични елементи на една независна реченица се подметот и прирокот. Повеќе независни реченици можат да бидат споени со употреба на запирка, точка-запирка или сврзиници и така се добива сложена реченица. Спротивно на независната реченица е зависната реченица која не може да стои самостојно во еден текст.

Примери[уреди]

  • Јас возам автомобил. [проста реченица]
  • Јас сум лекар, а мојата сопруга е адвокат. [сложена реченица составена од две независни реченици сврзани со сврзникот „а“.]
  • Јас сакам да бидам лекар, но треба прво да завршам медицински факултет. [две независни реченици сврзани со сврзникот „но“.]
  • Јас го купив автомобилот кој го посакуваше Томе. [сложена реченица составена од независна и зависна реченица/ дел-реченица.]

Наводи[уреди]

  • Rozakis, Laurie (2003). „The Complete Idiot's Guide to Grammar and Style pp. 152“. Alpha. ISBN 1-59257-115-8. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]