Дарио Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарио Ивановски
Ивановски на Скопскиот маратон
Лични податоци
НационалностМакедонија Македонија
Роден(а)15 мај 1997(1997-05-15)(26 г.)
Скопје, Македонија
ЖивеалиштеСкопје, Македонија
Висина&100000000000001780000001,78 м
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплини800 м, 1500 м, 3000 м
КлубАК Работнички Скопје
ТренерИгор Јакимовски

Дарио Ивановски (р. 15 мај 1997) — македонски атлетичар кој се натпреварува на трки на средни и долги патеки.

Во 2017 година тој победил на полумаратонската трка на Белградскиот маратон со време од 1:10:01 и на полумаратонската трка на Скопскиот маратон со време од 1:11:26.[1][2]

На 17 февруари 2018 година, Ивановски го освоил 4. место на Балканското првенство во сала одржано во Истанбул, Турција, на трката на 3.000 метри, поставувајќи нов државен рекорд со време од 8:14.44.[3][4]

Тој победил на Скопскиот маратон 2021, и успеал да го собори државниот рекорд на Трпе Мартиновски поставен во 2000 година. [5]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
На отворено 800 метри 1:54.36 Питешт, Романија 26 јуни 2016
1.500 метри 3:47.13 Тарагона, Шпанија 29 јуни 2018
3.000 метри 8:06.66 Лимасол, Кипар 20 јуни 2021
5.000 метри 13:54.58 Оран, Алжир 3 јули 2022
10.000 метри 30:04.66 Скопје, Македонија 22 мај 2021
Полумаратон 1:04:54 Тирана, Албанија 10 април 2022
Маратон 2:11:53 Валенсија, Шпанија 3 декември 2023
Во Сала
1.500 метри 3:44.98 Белград, Србија 31 јануари 2021
3.000 метри 7:58.48 Истанбул, Турција 5 март 2022

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]