Даниела Иваноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даниела Иваноска
Родена 1978
Скопје
Националност Македонка
Занимање глумица

Даниела Иваноска (родена во 1978 година во Скопје) — македонска театарска филмска и телевизиска глумица која работи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Животопис[уреди | уреди извор]

Даниела Ивановска (родена како Стојковска) е родена во Скопје. Таа е омажена за глумецот Зоран Иваноски со кого го имаат синот Лука.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Професионалната кариера на Иваноска (тогаш, со презимето Стојковска) ги направила во Скопје, играјќи во неколку претстави на Македонскито народен театар, како: „Соларис“, „Големите очекувања“, „Делириум за двајца“, „Слепци“, „Црнила 005“. Подоцна, таа се вработила во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде од 2008 наваму имала улоги во речиси сите претстави.[1]

Во ноември 2014 година, на Меѓународниот фестивал на глумците во Никшиќ, Црна Гора, Иваноска ја освоила наградата за најдобра споредна женска улога, играјќи го ликот на Алтана во претставата „Буре барут (драма)“, во режија на Наташа Поплавска.[2]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
2005 Бал-кан-кан ТВ-филм Сопругата
2005 Боли ли ТВ-филм
2013 Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија
2014 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Три во едно ТВ-филм
2015 Лазар ТВ-филм Милка
2019 Втора шанса ТВ-филм Елеонора
2019 Дедо и внук ТВ-филм Билјана
2020 Зоки Поки ТВ-серија Ивана

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Сребра Ѓорѓијевска, „Театрите се однесуваат како секти“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
  2. „Награда за глумицата Даниела Иваноска на фестивалот во Никшиќ“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 19.