Соларис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Solaris“
Режирано од Андреј Тарковски
Продуцент Вјачеслав Тарасов
Сценарист Фридрик Горенштајн
Андреј Тарковски
според новелата од Станислав Лем
Настапуваат Наталија Бондарчук
Донатас Банионис
Јури Јарвет
Владислав Дворженски
Николај Гринко
Анатолиј Солоницин
Музика Едвард Артемјев
Кинематографија Вадим Јусов
Монтажа Људмила Фејгинова
Времетраење 165 минути
Држава СССР
Јазик руски
Буџет 1.000.000 рубљи

Соларис (руски : Солярис) е руски филм снимен во 1972 година од Андреј Тарковски .Филмот се базира на новелата Соларис од Станислав Лем која е со научно-фантастична содржина.Улогите во филмот ги толкуваат Наталија Бондарчук ,Донатас Банионис ,Јури Јарвет ,Николај Гринко и Анатоли Солоницин и е со музика на Едвард Артемјев .

Соларис е медитативна психодрама која се одигрува на вселенска станица во орбитата на планетата како објект наречен Соларис.Научната мисија на вселенската станица паќа во криза.Психологот Крис Келвин патува до станицата за да ја истражи ситуацијата,но наскоро искуствата на халуцинации се пренесуваат и на другите членови коишто се со него.Соларис се одликува со комплексност и бавност,па понекогаш е споредуван и со западните научно-фантастични филмови коишто се одликуваат со посебни ефекти ипретставување на иднината во замислена верзија.

Филмот е одлично прифатен од критичарите и се смета за едно од најдобрите остварувања на Тарковски,а воедно и за најдобар филм на сите времиња.Филмот е добитник на специјална награда од жирито на Канскиот филмски фестивал ,како и на наградата FIPRESCI и е номиниран за наградата Златна палма. Во 2002 година е снимен уште еден филм со овој наслов кој исто така се поистоветува со новелата на Станислав Лем,а е режиран од Стивен Содерберг .Својата премиера филмот ја има доживеано на 13 мај 1972 на Канскиот филмски фестивал,додека во Советскиот Сојуз тоа се случило на 5 февруари 1973 година.

Филмот трае 165 минути,а е снимен со буџет од околу 1.000.000 рубљи .