Давид Гета

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Давид Гета

Дејвид Гета во 2011
Биографски податоци
Родено име Давид Пјер Гета
Роден(а) 7 ноември 1967 (1967-11-07) (46 г.)
Париз, Франција
Жанрови Хаус музика, хип хаус, денс-поп
Занимања Диџеј,
Период на активност 1984–
Издавачи EMI Music France, Virgin
Мреж. место davidguetta.com

Давид Гета (француски:David Guetta; роден на 7 ноември 1967 во Париз) е француски продуцент на хаус музика и диџеј.[1] Првично како диџеј во ноќни клубови во 1980-те и 1990-те, тој бил ко-основач на Gym Productions и го издал својот прв албум Just A Little More Love во 2002. Потоа тој ги издал албумите Guetta Blaster во 2004 и Pop Life во 2007. Албумот One Love кој го издал во 2009, ги содржел големите хитови "When Love Takes Over" (заедно со Кели Роуленд), "Gettin' Over You" (заедно со Крис Вилис, Ферги и LMFAO) како и синглот "Sexy Bitch" (заедно со Акон) со кој се искачил во ТОП-5 хитови во САД, а сите три песни го достигнале врвот на листите во Велика Британија. Гета има продадено над три милиони албуми и 15 милиони синглови во светот.[2] Тој е еден од најбараните музички продуценти во светот.[3]

Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

  • Just A Little More Love (2002)
  • F*** Me I'm Famous (2003)
  • Guetta Blaster (2004)
  • F*** Me I'm Famous Vol. 2 (2005)
  • F*** Me I'm Famous Vol. 3 (2006)
  • Pop Life (2007)
  • F*** Me I'm Famous Vol. 4 (2008)

Синглови[уреди]

  • Up And Away (1994)
  • Just A Little More Love (2001)
  • Love Don't Let Me Go (2002)
  • People Come, People Go (2002)
  • Give Me Something (2003)
  • Money (2004)
  • Stay (2004)
  • The World Is Mine (2005)
  • In Love With Myself (2005)
  • Time (2006)
  • Get Up (2006)
  • Love Don't Let Me Go / Walking Away (2006)
  • Love Is Gone (2007)
  • Baby When The Light (2007)
  • Love Is Gone (2007)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]