ДНК лигаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во молекуларна биологија, ДНК лигазата е посебен тип на лигаза (со ензимски код 6.5.1.1) која може да се поврзе за две комплементарни ДНК низи кои се раскинати. Единечната раскината низа се фиксира (спојува) со различен тип на ДНК лигаза која ја користи комплементарната низа како шаблон, но сепак е потребна ДНК лигазата за да се создаде конечната фосфодиестерска врска за целосна поправка на ДНК.

ДНК лигазите се употребуваат при поправката на ДНК и при репликацијата на ДНК. Исто така, ДНК лигазата има широка употреба во лабораториите по молекуларна биологија во експерименти за генетска рекомбинација.

Механизам на дејство[уреди]

Суштината на механизмот на ДНК лигазата се состои во формирање на две ковалентни фосфодиестерски врски меѓу 3' хидроксилните краеви на еден нуклеотид со 5' фосфатниот крај на друг нуклеотид. За оваа лигазна реакција е потребен ATP. Дејството на ДНК лигазата врз молекулата на ДНК се нарекува лигација.

Сликовит приказ за дејството на лигазата може да се даде на следниот начин (со лепливите краеви):

Ligation.svg

Лигазите ќе дејствуваат и со тапи краеви на ДНК, иако за ова се потребни различни ензимски концентрации и различни реакциони услови.

Лигази кај цицачите[уреди]

Кај цицачите постојат четири посебни типови на лигази.

Некои форми на ДНК лигаза кај бактериите (обично поголеми) побаруваат NAD како кофактор, додека други форми (најчесто присутни кај E. coli и обично помали) побаруваат ATP.