Фосфодиестерска врска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дијаграм на фосфодиестерските врски меѓу нуклеотидите.

Фосфодиестерските врски се група на силни ковалентни врски, образувани од фосфорниот атом од фосфатната група и две други молекули од две естерски врски. Фосфодиестерските врски се многу важни за целокупниот живот на планетата Земја, бидејќи го градат скелетот на низите од ДНК. Кај ДНК и РНК, фосфодиестерската врска се наоѓа меѓу 3' јаглеродниот атом на една шеќерна молекула и 5' јаглеродниот атом на друга (и тоа деоксирибоза кај ДНК и рибоза кај РНК).

Фосфатните групи во фосфодиестерската врска се негативно наелектризирани. Бидејќи фосфатните групи имаат pKa која се движи близу 0, тие се негативно наелектризирани при pH 7. Ова ги присилува фосфатите да заземат спротивни страни од ДНК низите, а се неутрализираат со протеини (хистони), метални јони (како магнезиум) и полиамини.

За да се формира фосфодиестерска врска и за да се поврзат нуклеотидите, трифосфатните или дифосфатните форми од нуклеотидните градбени блокови се раскинуваат за да дадат енергија која е потребна за одвивање на ензимски катализираната реакција. Кога се откинуваат еден или два фосфати (познати како пирофосфат), тогаш се формира фосфодиестерската врска.

Хидролизата на фосфодиестерските врски може да се катализира со помош на фосфодиестерази кои играат важна улога во поправањето на ДНК секвенците.

Во биолошките системи, оваа врска меѓу два рибонуклеотиди може да се раскине со алкална хидролиза, поради присуството на слободната 2' хидроксилна група.

Видете исто така[уреди]