Грб на Кајманските Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Грб на Кајмански Острови)
Грбот на Кајманските Острови

Грбот на Кајманските Острови се состои од штит на кој се наоѓаат три петокраки ѕвезди кои ги претставуваат трите населени острови Голем Кајман, Мал Кајман и Кајман Брак на сино-бела заднина која претставува море. На горниот дел на грбот се наоѓа лав на црвена заднина, симбол на Обединетото Кралство. Над штитот се наоѓа желка и ананас. Под штитот има цитат од Библијата] "He hath founded it upon the seas", како и мотото на островот.

Грбот датира од 1958 година и се наоѓа и на знамето на Кајманските Острови.

Поврзано[уреди | уреди извор]