Прејди на содржината

Гранатирање на Јенпјенг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гранатирање на Јенпјенг
Дел од Корејска војна
Датум 23 ноември 2010
Место Јон-Пјонг, Јужна Кореја
Завојувани страни
 Северна Кореја  Јужна Кореја
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато 2 убиени
17 повредени[1]
3 цивили повредени

Гранатирањето на Јенпјенг започнало во 14:34 KST (04:34 UTC) на 23 ноември 2010 година, кога артилеријата на Северна Кореја започнала со гранатирање на јужнокорејскиот остров Јенпјенг[1].

Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак изјавил дека најважно по нападот било да се спречи ескалиција на престрелката. Русија за инцидентот изразила сериозна загриженост, а Јапонија наредила подготвеност во случај на започнување на отворена војна. Кина апелирала до двете земји да се смират и да седнат да преговараат[2].

  1. 1,0 1,1 „Репортажа: С. Кореја пукаше на Ј. Кореја, повредувајќи најмалку 17 лица“. CNN. 23 ноември 2010. Посетено на 23 ноември 2010. (англиски)
  2. Двете Кореи на работ на војна Архивирано на 26 ноември 2010 г. - А1 телевизија (македонски)