Градинарска чубрика
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Градинарска чубрика | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносемени |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Lamiales |
| Фамилија: | Устноцветни |
| Род: | Чубрика |
| Вид: | S. hortensis |
Градинарската чубрика понекогаш и чубрица (Satureja hortensis) е вид на скриеносемени растенија од семејството на Усноцветните (Lamiaceae). Таа е едногодишно растение со мали зелени листови и розови цветови. Сувите лисја се користат како зачин. Често се чува и како украсно растение. Во Македонија чубриката е еден вид на традиционално растение, со кое се прави т.н. к’цана сол (во Кратовско) или Ченка миродија (во Тетовско).
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Градинарска чубрика“ |