Чубрика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чубрика
Градинарска чубрика (Satureja montana)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Мртвокопривовидни
Фамилија: Усноцветни
Род: Чубрика
Tourn. ex Mill.
Видови

околу 30

Чубриката или чубрица[1] (науч. Satureja) е род на ароматични растенија од фамилијата Усноцветни (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика.

Содржина

Опис [уреди]

Овие растенија потекнуваат од топлите умерени подрачја и може да бидат едногодишни или повеќегодишни. Се јавуваат во облик на ниски билки и подгрмушки, со висина од 15–50 см.

Листовите се долги 1-3 см. Цветови се распоредени кружно околу стебленцето, а по боја се бели до розово-виолетови.

Екологија и одгледување [уреди]

Чубриката е храна за ларвите на некои видови пеперутки и молци. Гасениците на молецот Coleophora bifrondella се хранат исклучиво со планинската чубрика (S. montana).

Покрај ова, растенијата се одгледуваат и за украс, при што бараат сончевина и добро исцедена почва.

Македонски ендем [уреди]

Како ендемска во Македонија се јавува Адамовиќевата чубрика (Satureja adamovicii), и тоа само во клисурата на реката Раец.[2]

Употреба [уреди]

Сушена градинарска чубрика како зачин

Градинарската и планинската чубрика се користат како додаток во кулинарството. Позастапена во кујните е градинарската, но ја има само на лето. Планинската чубрика е зимзелена и расте повеќе години.

Градинарската чубрика се користи како зачин во традиционалната македонска кујна, за добивање на додатоци како „к’цана сол“ и како додаток во грав. Во Италија е присутна исто така како додаток за гравот, во романската кујна е застапена како зачин за сарми, во манџите во француската кујна.

Од S. douglasii или јерба буена (шпан. yerba buena = „добра билка“) на западот на САД се прави билен чај.

Некои видови [уреди]

Планинска чубрика

Наводи [уреди]

  1. позната и како чебрика
  2. Македонска енциклопедија“. Скопје: МАНУ. 2005. стр. 1630. 
  3. „чубрика“ - Дигитален речник на макдонскиот јазик