Горан Менков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горан Менков (роден на 5 декември 1987, Скопје, Македонија) — македонски ликовен уметник. Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности, Скопје (педагошки отсек, насока сликарство) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во класата на професорот Рубенс Корубин.

Некои од неговите најзначајни изложувања се на IX[1] и X[2] „Биенале на Млади“ при Музејот на Современа уметност, Скопје, и на „Зимскиот Салон 2014“ на ДЛУМ,[3],а воедно бил и добитник на наградата „ Експериментален Цртеж“ за 2013 доделена од страна на уметничкиот совет на ДЛУМ.[4] Менков за првпат на глобалната ликовно уметничка сцена, употребил мувла како сликарска техника за создавање на современи ликовно уметнички дела. Овие експериментални „Мувлосани слики“[5] ги изложил на неговата самостојна изложба Бајата Уметност, Хибернација[6] , Скопје, Македонија, 2013.

Во 2013 Менков ја претставувал Република Македонија на VII Франкофонски Игри[7] кои биле одржани во Ница, Франција, од 6-15 септември. Тој бил член на официјалната Македонска Делегација ( Ликовна Уметност, Сликарство)[8] и зема учество на Културните манифестации при VII Франкофонски Игри во Ница.[9]

Во мај 2014 како заслуга за наградата „Експериментален цртеж“ 2013, ДЛУМ ја организирал изложбата Експериметален Цртеж- Линија, Трета Димензија[10], на наградениот автор Горан Менков, во галерискиот простор на Домот на Армијата.

Дополнително во 2014 Менков е номиниран за престижната ДЕНЕС- награда за млад ликовен уметник на годината[11], организирана од страна на Центарот за Современи Уметности-Скопје, во соработка со Фондацијата за Цивилно Општество од Нујорк.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „9. Биенале на млади: Nature morte“. Музеј на Современа Уметност, Скопје. 15 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2014-02-24. Посетено на 2014-05-13.
  2. „X Биенале на млади“. Музеј на Современа Уметност, Скопје. 9 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-24.
  3. „ДЛУМ Зимски Салон“. 5 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2013-10-30. Посетено на 2014-05-13.
  4. „Награда Експериметален Цртеж, COOLTURA“. 8 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 2014-05-13.
  5. „Симбиотичката уметност како производ на кризата“. Критика, Небојша Вилиќ. 31 декември 2013.
  6. „Изложба " Бајата уметност, хибернација ", од ГОРАН МЕНКОВ“. Културно информативен центар, Скопје, Македонија. 15 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 2014-05-13.
  7. „Претставување на македонската култура во Марсеј и Ница“. Министерство за Култура, Република Македонија. 29 август 2013.
  8. „Список на Културните селекции на VII Франкофонски игри, Ница, 2013“ (PDF).[мртва врска]
  9. „Manifestations macédoniennes culturelles en France“ [Македонски културни манифестации во франција] (француски). Француска Амбасада, Скопје, Македонија. 30 август 2013. Архивирано од изворникот на 2014-06-14. Посетено на 2014-05-13.
  10. „Изложба Експериметален Цртеж- Линија, Трета Димензија. COOLTURA“. 5 мај 2014.
  11. „Finalisti nagrade Denes 2014“. Seecult.org. 6 јуни 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]