Мувла

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мувла што се развива на површината на праска во период од 6 дена
Мувлосан леб

Поимот мувла во микробиологијата опфаќа една системска разнородна група габи (fungi), кои се вбројуваат во таксономичната група на аскомикотите и зигомикотите. Големата разновидност на мувли обично води потекло од сапрофитите (грчки σαπρός [sapros]= "гнило, изгниено").

Некои мувли имаат големо значење за човекот заради начинот на живот во одредени еколошки средини како човекови паразити (пр. Aspergillus fumigatus), но исто така и како додаток во исхраната (пр. како специјални видови сирење), биолошки извор на антибиотици (пр. Пеницилин) и суровина за лекови за намалување на холестерол (пр. Ловастатин).

Размножувањето на мувлата обично се одвива бесполово, преку спори кои се нарекуваат кониди.

Мувлата може да се најде форма на кончесто, меко или прашкасто, бело, сиво, сино-зелено, жолтеникаво, црвеникаво, синкаво или црно тенко обложување на различни супстрати. Особено забележливо е кај расипана храна (пример леб, овошје), влажни дрва или ѕидови. Влажноста на нападнатите супстанци, како и влажноста на воздухот обично е предуслов за создавање и ширење на мувла. Често мувлата започнува да расте на органски супстанци и предизвикува низа процеси на гниење. Најпрвин, од спорите на мувлата се формира кончеста структура, таканаречен мицелиум. Тој се состои од микроскопски мали, долги, тенки, постојано поврзани нишки на хифи (грчки: Υφή = ткиво) кои се шират на сите страни (кружно), како корењата кај дрвото. Овие хифи растат со релативно голема брзина, така што мувлата неретко брзо опфаќа големи површини.

Попознати мувли[уреди]