Големо Мечкино Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Големо Мечкино Езеро
Great Bear Lake
Големо Мечкино ЕзероGreat Bear Lake - мапа на езерото
мапа на езерото
Место Северозападни Територии
Координати 66° СГШ 121° ЗГД / 
Главен истек Голема Мечкина Река
Површина на сливот 114.717 km2 (44,292 sq mi)[1][2]
Земји во сливот Канада
Површина 31.153 km2 (12,028 sq mi)[1][2]
Прос. длабочина 717 m (2,352 ft)[1][2]
Макс. длабочина 446 m (1,463 ft)[1][2]
Водна зафатнина 2.236 km3 (

536 cu mi)[1][2]

Проточност (на езерската вода) 124 години[1]
Брежна должина1 2719 km
Надм. височина на површината 186 метри
Замрзнато ноември-јули
Наводи [1][2]
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка.

Големото Мечкино Езеро — најголемо езеро на целата територија на Канада и четврто по големина во Северна Америка.

Неговиот северен брег се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг, а ова езеро ја претставува и најголемата водна површина на копно на толку висока надморска височина. Езерото има неправилен облик, а на западниот дел се раздвојува во три ракави. Водата е најдлабока во близина на источниот брег.

Езерото се создало со ерозивно дејство на северноамериканските глечери, што се спуштиле низ речната долина. На тој начин создадените езера најчесто се нарекуваат суподински езера. Кога глечерите се стопиле при крајот на последниот леден период, добиената вода била преградена од морени и создала огромни езерски површини кои оттогаш делумно се исушиле, а чии остатоци се Големото Мечкино Езеро и Големото Ропско Езеро, како и голем број помали езера што се наоѓаат меѓу нив. Езерото се наоѓа во област во која зимзелената шума на јужниот брег се сменува со тундрата што се шири кон север. Тоа често наведува како пример за прастаро езерско место, иако вво него живеат многу помалку видови риби отколку во езерата со слична големина во области со поумерена клима. Причина за тоа е многу пониската температура на неговата вода.

Единствената населба на неговиот брег е поранешниот рударски центар Порт Радиум, кој името го добил според радиоактивниот елемент што од ова место за време на Втората светска војна се носел за правење на првите атомски бомби. Во Големото Мечкино Езеро кај северозападниот ракав се влеваат реката Вајтфиш (Whitefish) и други помали реки. Големата Мечкина Река истекува на западниот дел на езерото, тече кон запад и се влева во реката Мекензи, на околу 480 км погоре од делтата. Големото Мечкино Езеро и реката се замрзнати седум месеци во годината.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Johnson, L. (1975), „Physical and chemical characteristics of Great Bear Lake“, „J. Fish. Res. Board Can.“ 32 (11): 1971–1987, doi:10.1139/f75-234  quoted at Great Bear Lake (World Lakes Database)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Hebert, Paul (2007), „Great Bear Lake, Northwest Territories“, „Encyclopedia of Earth“, Washington, DC: Environmental Information Coalition, National Council for Science and the Environment, http://www.eoearth.org/article/Great_Bear_Lake,_Northwest_Territories, конс. 7 декември 2007