Генерал Шерман (дрво)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дрвото Генерал Шерман во Секвојскиот национален парк

Генерал Шерман (англ. General Sherman) е името на една џиновска секвоја. Ова е најголемото дрво на светот, а воедно и најголемото живо битие на светот. Зафатнината на трупот му изнесува 1487 m³ (2002). Староста му е некаде околу 2.200 години. Дрвото се наоѓа во Џиновската Шума во Секвојскиот национален парк во САД, источно од Висалија, Калифорнија.

Дрвото е именувано во чест на Вилијам Текусме Шерман, водач во Американската граѓанска војна од страна на натуралистот Џејмс Волвертон во 1879. Волвертон бил поручник во 9-тата Коњица на Индијана под команда на Шерман. Порај ова, утописката социјалистичка заедница наречена Кавејска колонија, која се преселила во околината во 1880-тите, го именувала дрвото во чест на Карл Маркс.[1] Дрвото било востановено како најголемо во 1931, по спорот наспроти блиското Генерал Грантово дрво. По овој спор запремнината на дрвата насекаде почнала да се смета за решителен фактор.[2]

Содржина

Статистика [уреди]

Дрвото Генерал Шерман
Должина (m)
Висина над основата 83.8
Обем при основата 31.1
Максимален пречник при основата 11.1
Пречник на 1.5 m над основата 8.25
Пречник на 18 m над основата 5.3
Пречник на 55 m над основата 4.3
Пречник на најголемата гранка 2.1
Висина на првата голема гранка над основата 39.6
Просечна раширеност на крошната 32.5
Проценета запремнина на стеблото (m³)[3] 1,486.0

Видете исто така [уреди]

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]