Вија Остиензис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вија Остиензис
Via Ostiensis
Патот во Остија (античко пристаниште близу Рим)
МестоРим до Остија
ВидРимски пат
Историја
ГрадителРимска Република

Вија Остиензис (латински: Via Ostiensis, во превод: Остиски пат; италијански: via Ostiense, виа остиензе) ― важен римски пат во Стариот Рим. Водел на запад 30 км од градот Рим до неговото важно поморско пристаниште Остиа Антика, од кое го добило името. Патот започнувал во близина на Форум Боариум, минувал помеѓу ридот Авентин и реката Тибар по нејзиниот лев (источен) брег и ги напуштал градските Сервиски ѕидини преку Портата Тригемина. Кога биле изградени подоцнежните Аврелијановите ѕидини, патот го напуштал градот преку Остиската Порта (Porta Ostiensis) ( Порта Свети Павле). Во доцноантичката Римска Империја, трговијата претрпела економска криза, а Остија опаднала како важно пристаниште. Со придружниот раст на важноста на Вија Портуензис од времето на Константин наваму, онаа на Виа Остиенсис соодветно се намали. Денешниот пат Вија Остиензе (Via Ostiense), по слична патека, е главната врска на Рим со Остија (еден од квартовите на Рим во моментов) заедно со Виjа дел Маре. На пат кон Остија, патот минува покрај важната базилика Свети Павле надвор од ѕидините.

Римски мостови[уреди | уреди извор]

По должината на патот има остатоци од најмалку еден римски мост, кој е Мостот кај Тор ди Вале (италијански: Ponte presso Tor di Valle).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]