Виши растенија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Виши растенија
Период: Горен силур–денес[1][2] (спори од ран среден ордовик)

Грешка во изразот: Неочекуван оператор <

Лист од папрат
Научна класификација
Царство: Plantae
Потцарство: Embryophyta
Оддели

Вишите растенија или копнени растенија, уште познати и како ембриофити (лат. Streptophyta, вклучува група која нема ранг - лат. Embryophyta) се тип на зелени растенија за кои е карактеристична диференцијација на ткивата, што ги разликува од нижите растенија - алги. Кон вишите растенија се однесуваат мововите и васкуларните растенија (папрати, псилотови, членестостеблени растенија, црвоточни растенија, голосеменици и скриеносеменици).

Во некои системи на класификација, вишите растенија се разгледуваат како таксон со ранг на подцарство.

Еволуцијата на вишите растенија е тесно сврзана со пристапот на копно и завојувањето на копнените ниши.

Развитокот на специјализирани ткива бил важен услов за освојување на копното од страна на растенијата. За лагодно опстојување во атмосферата, на растенијата им било неопходно да развијат епидермис со стоми за заштита од исушување и размена на топлина, како и спроводни ткива за размена на минерални и органски материи. Освојувањето на копното од страна на растенијата било исто така причина за поделба на растителниот организам на корен, стебло и лист.

Големото разнообразие на условите за живот на копното го објаснува неверојатното богатство на форми кај растенијата. Но без разлика на разновидноста на надворешниот изглед, за сите виши растенија е карактеристичен еден тип на полов процес (оогамија) и две варијанти од еден тип на смена на јадрените фази или „смена на генерации“ (хетероморфен циклус на развиток во кој преовладува или спорофит, или гаметофит). Во сите случаи, двете генерации - гаметофит и спорофит - се разликуваат морфолошки, цитолошки и еколошки. Во еволуцијата на речиси сите оддели на виши растенија (со исклучок на мововидните) во циклусите на развиток преовладува спорофитот.

Мововидни растенија[уреди]

Среде вишите растенија најпримитивна градба поседуваат мововидните (Bryophyta sensu lato) - кај нив отсуствува корен (а има ризоиди), додека кај црнодробните мовови, роговниците и неколку јунгерманиеви мовови отсуствува поделбата на лист и стебло - тие се јавуваат како талусни организми (какви што се и алгите или лишаите). Стоматалниот апарат е крајно примитивен, спроводен систем не е развиен, а спроводната функција ја обавува паренхимот.

Васкуларни спорови растенија[уреди]

Таканаречените васкуларни спорови растенија, каде припаѓаат папратите, членестостеблените, црвоточните и псилотовите, имаат доволно развиен спроводен систем (васкуларен систем), кој се среќава во стеблото, листот и коренот. Но, тие сè уште се силно зависни од водната средина, бидејќи поседуваат слободен гаметофит и половото размножување кај нив протекува со учество на камшичести сперматозоиди, кои не можат да опстојат надвор од водна средина.

Ако мововидните и васкуларно-споровите растенија се сметаат како една група, за неа понекогаш се употребува збирниот термин „виши спорови растенија“.

Семени растенија[уреди]

Важен еволуциски чекор на патот на освојувањето на копното од страна на растенијата било појавата на семињата и обвивката на поленот. Благодарение на тоа што гаметофитот на овие растенија (составен само од неколку клетки) целосно е сместен во обвивка која не дозволува губење на влага, растенијата биле во можност да ги освојат пустините и ладните области.

Кај некои голосеменици и практично кај сите цветни растенија, во спроводните структури се јавуваат спроводни садови и ситести клетки - шупливи спроводни елементи кои се состојат од ѕидови на изумрени клетки, поради што нивните спроводни системи функционираат мошне ефективно.

Наводи[уреди]

  1. Gray, J.; Chaloner, W.G. & Westoll, T.S. (1985), „The Microfossil Record of Early Land Plants: Advances in Understanding of Early Terrestrialization, 1970-1984 [and Discussion]“, „Philosophical Transactions of the Royal Society B: Biological Sciences“ 309 (1138): 167, doi:10.1098/rstb.1985.0077, Bibcode1985RSPTB.309..167G 
  2. Rubinstein, C.V.; Gerrienne, P.; De La Puente, G.S.; Astini, R.A. & Steemans, P. (2010), „Early Middle Ordovician evidence for land plants in Argentina (eastern Gondwana)“, „New Phytologist“ 188 (2): 365–9, doi:10.1111/j.1469-8137.2010.03433.x, PMID 20731783