Членестостеблени растенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Членестостеблени растенија
Големо коњско опавче
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Папрати
Класа: Членестостеблени
К. Агард
Редови
Синоними

Sphenopsida

Членестостеблените растенија (лат. Equisetophyta) се растенија кои имаат разгрането стебленце од чиишто јазли поаѓаат гранки кои исто така се членести и прстенесто поредени.

Во денешната флора оваа група е претставена само со еден родкоњско опавче (Equisetum). Сите негови видови се слични во својата градба, живеат на влажни живеалишта, покрај реки, бари, ливади итн. Стеблото со основата поминува во ризом од чии јазли излегуваат корења. Кај повеќето видови стеблото е едногодишно, а ризомот повеќегодишен, така што секоја година се образува ново стебло.

Кај повеќето видови, стеблото на врвот носи спорофилен клас, образуван од спорофили со спорангиуми кои се исполнети со спори.

При никнење на изоспорите се добиваат два вида проталиум, машки со антеридиуми и женски со архегониуми. Ваквата појава се должи во разликата на подлогата на која никне спората, односно спората која се развива на сиромашен супстрат дава машки, а таа на богат супстрат дава женски проталиум. Ова е докажано експериментално со додавање на хранливи раствори на подлогата.

Наводи[уреди | уреди извор]