Вистинска крв
| Вистинска крв True Blood |
|
| Жанр | драма, вампирска, комедија, хорор |
|---|---|
| Создадена од | Алан Бол |
| Настапуваат | Ана Пакин Стивен Мојер Сем Трамел Рајан Квантен Александар Скарсгерд Маршал Олмен Рутина Весли Крис Бауер Кристин Бауер ван Стратен Нелсон Елис |
| Најавна песна | Bad Things од Џејс Еверет |
| Земја на потекло | |
| Јазик | англиски |
| Број на сезони | 4 |
| Број на епизоди | 48 |
| Продукција | |
| Изврш(ен/ни) продуцент(и) | Алан Бол |
| Времетраење | 50-60 мин. |
| Емитување | |
| Канал на емитување | HBO |
| Период на прикажување | 7 септември, 2008 |
Вистинска крв (оригинал англиски: True Blood) е американска телевизиска серија создадена и продуцирана од Алан Бол. Вистинска крв е базирана на серијалот романи Јужните вампирски мистерии од Шарлин Харис, и се занимава со заедничкото живеење на вампирите и луѓето, во измислено мало гратче во Лузијана, наречено Бон Темпс. Централна личност во серијалот е Суки Стакхаус (Ана Пакин), келнерка со телепатски способности, која работи во бар, која се вљубува во вампирот Бил Комптон (Стивен Мојер).
Серијата премиерно се емитува на кабловската програма HBO во Соединетите Американски Држави. Продукцијата е на HBO во соработка со продукциската компанија на Бол, Your Face Goes Here Entertainment. Првата епизода беше прикажана на 7 септември, 2008 година.
Првата сезона доби многу критички признанија и освои неколку награди, вклучувајќи Златен глобус и Еми. Втората сезона на серијалот премиерно беше прикажана на 14 јуни, 2009 година, а третата сезона на 13 јуни, 2010 година. На 21 јуни, 2010, НВО ја закажа четвртата сезона на Вистинска крв, која треба да почне да се прикажува на 12 јуни, 2011 година.

