Вики Кристина Барселона
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Вики Кристина Барселона (Vicky Cristina Barcelona)“ |
|
Официјален постер |
|
| Режирано од | Вуди Ален |
|---|---|
| Продуцент | Лети Аронсон Гарет Вили |
| Сценарист | Вуди Ален |
| Настапуваат | Скарлет Јохансон Хавиер Бардем Пенелопе Круз Ребека Хал |
| Дистрибутер | The Weinstein Company |
| Премиера | 15 август 2008 |
| Времетраење | 96 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски, шпански |
| Буџет | 15 мил. долари |
Вики Кристина Барселона (англиски: Vicky Cristina Barcelona) е американски / шпански драма– филм на Вуди Ален од 2008 год. Неговата нова муза е младата глумица Скарлет Јохансон. Во филмот исто така се појавуваат и Хавиер Бардем, Пенелопе Круз и Ребека Хал. Филмот е сниман на аутентични локации во Шпанија, поточно во Барселона, а премиерно филмот беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан. Филмот ја доби наградата за најдобар филм во категорија мјузикл или комедија на овогодинешниот Златен Глобус.
Содржина |
[уреди] Синопсис
Американките Вики и Кристина го поминуваат летото во Барселона одседнувајќи кај роднината на Вики, Џуди. Вики е практична и традиционална, верна на својот прагматичен и ретко романтичен дечко, Дог. Кристина пак е спонтана и несигурна во своите животни цели, а бидејќи од неодамна не е во врска, слободна е за нови искуства. На една изложба девојките го запознаваат уменикот Хуан Антонио. Тројцата заедно ќе се најдат во вртлог на страсти, вина и уметност. Но, Хуан Антонио се уште е под влијание на својата несреќна љубов со својата нестабила и психички пореметена бивша жена Марија Елена.
[уреди] Актерска екипа
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Скарлет Јохансон | Кристина |
| Хавиер Бардем | Хуан Антонио |
| Пенелопе Круз | Марија Елена |
| Ребека Хал | Вики |
| Крис Месина | Даг |
| Патрисија Кларксон Џуди |
[уреди] Критики
Кога станува збор за критиките, изгледа дека Вуди Ален овој пат го пронашол рецептот за успех на киноблагајните. Интернет страницата Ротен Томатоес, овој филм го оцени со одлични 80%, а можеби поважно е она што филмот и се допадна и на обичната публика во еднаква мера. Општото мислење гласи дека ова е привлечна и мистериозна трагикомедија која лесно ќе ги шармира своите гледачи со прекрасните амбиенти и одличните актерски остварувања. Ако овој филм не ви е доволно, вака кажаа медиумите – ‘Шпанскиот акцент дава извонредна доза на свежина на вообичаениот неуротичен стил на Вуди.’ (Salt Lake Tribune). ‘Ален одамна не снимил толку смешен и секси филм.’ (New York Post). ‘Возбудлив и хипнотизирајќи, баш како летна романса во егзотичен град.’ (USA Today).

