Википедија:Избрана статија/2008/21

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наполеон Бонапарт (1769-1821), француски император, основоположник на многу реформи на Француската револуција. Тој е еден од најголемите воени гении во 19 век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.

Наполеон e роден на 15 август 1769 г. во Ајачо, на островот Корзика и e крстен како Наполеон (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарт). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Чарлс) Бонапарт и Летиција Рамолино Бонапарт, и двајцата од повисоката Корзиско-Италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за Корзијската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во Француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото Училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник...