Видови локални анестезии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Видови локални анестезии
Податотека:Lokalna anestezija.jpg

Локална анестезија претставува прекин на болните импулси со помош на физичко-хемиска блокада на која и да било точка по должината на нервниот пат на периферниот нерв.Според применетата техника разликуваме различни локални анестезии.Зависно од местото на анестетичкото дејство на употребениот анестетикум, разликуваме:

Површна анестезија[уреди | уреди извор]

При оваа анестезија со мачкање,капење или посипување се постигнува обезболување.Се применува на слузниците на носот, грлото, окото, дишните патишта, утретрата и др.За оваа анестезија се употребуваат кокаин (4--20% раствор), пантокаин (0,5--2% раствор) и нуперкаин (0,5--1% раствор), со додавање на вазоконстриктивно средство.На здрава кожа нема никакво дејство.

Инфилтрациона анестезија[уреди | уреди извор]

При оваа анестезија, растворот на анестетичкото средство во ткивата се инфилтрира со инјектирање. Се употребуваат раствори во ампули, шишиња или свежо подготвени раствори со определена концентрација. Најчесто се употребуваат новокаинот, прокаинот, ксилокаинот.Постојат две можности за инфилтрациона анестезија. Со едната средството, од површината во длабочината се инјектира плански слој по слој, а кај втората инјектирањето станува од длабочината кон површината. Инфилтрационата анестезија во вид на квадрат, ромб или друга форма околу оперативното поле.За побавна ресорпција се додава вазоконстриктно средство.

Спроводна анестезија[уреди | уреди извор]

Се врши апликација на анестетичкото средство, обично во поконцентриран раствор, директно во нервот или плексусот (група на нерви) или во нивна непосредна средина.Се употребува 2% раствор на новокаин, ксилокаин, или 1% раствор на нуперкаин.Може да се блокира секој нерв на телото, а услов е доброто познавање на томографската анатомија, т.е. местото каде најлесно може да се дојде до нервот или плексусот.Анестезијата настанува по 20–30 min.Видови спороводна анестезија се:

Блокада на plexus brachialis[уреди | уреди извор]
Блокада на горниот алвеоларен нерв[уреди | уреди извор]
Блокада на инфраорбиталниот нерв[уреди | уреди извор]
Блокада на долниот алвеоларен нерв[уреди | уреди извор]
Блокада на менталниот нерв[уреди | уреди извор]
Паравертебрална анестезија[уреди | уреди извор]
Пресакрална (парасакрална) анестезија[уреди | уреди извор]
Лумбална (спинална) анестезија[уреди | уреди извор]
Епидурална анестезија[уреди | уреди извор]
Сакрална анестезија[уреди | уреди извор]
Интравенозна регионална анестезија[уреди | уреди извор]
Рефригерациона анестезија[уреди | уреди извор]