Велешка контрачета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велешката контрачета
Слика од документ што содржи список на членовите на Велешката контрачета во октомври 1942
Слика од документ што содржи список на членовите на Велешката контрачета во октомври 1942
Функционира октомври 1942 — 1944
Водач Милан Панов Завков (1942 — 1943)
Пано Николов Манев (1943 — 1944)
Цели Ширењето на бугарската пропаганда и спречување на партизански одреди
Идеологија Фашизам и Нацизам
Поважни дела Убиството на Невена Георгиева-Дуња

Велешката контрачета — фашистичка и нацистичка чета создадена во Велес, дел од Михајловистичките контрачети во Македонија којшто биле создадени од страна на фашистичката власт на Бугарија во време на втората светска војна. Била создадена во октомври 1942 година и била првата контрачета во Македонија,[1] но според тогашните бугарски документи почнала да дејствува околу декември 1942.[2]:101 Основачот и првиот водач на контрачетата бил Милан Панов Завков но после Пано Манев станал главен. Организацијата редовно се судираше со велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. После народнотоослободувањето на Македонија голем број на поранешни членови на контрачетата биле стрелани, заедно со нивниот водачот.

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Во ноември 1941 година ме назначија за кметски намесник во селата Ветерско, Лугунци и Рудник, сѐ до есента 1942 кога ме викна полицискиот началник во Велес, кој ми кажа дека се појавиле српски чети во Азот, што треба да гониме, оттука отидовме во Скопје, таму ни дадоа оружје и шинели и не вратија назад, на акција.

Со почетокот на народнатаослободителна борба во Македонија почнале да се формираат повеќе воени единици против бугарската фашистичката окупација, заради тоа владата на Бугарија сфати дека за да може успешно да дејствува против партизанските одреди морале да имаат луѓе од родното место што повеќе го знаеле теренот, народот и состојбата на околината, за да може непречено да го контролира движењето на партизанските единици, да ги открива нивните бази.[3]:56 Заради тоа од наредба на окупаторската фашистичка влада на Бугарија била формирана велешката контрачета и членовите биле приклучени спротив нивната волја, таа била првата чета во Вардарска Македонија, дел од Михајловистички контрачети во Македонија.[1] Главниот иницијатор на формирање на контрачетна беше Стефан Симеонов, еден од по-истакнатите водачи на армијата на Бугарија и поранешен деец на ВДРО, Симеонов после бабунската акција сметаал дека со контрачетата бугарската фашистичка окупација би била повеќе едноставна.[4] Бабунската акција имало големо влијание на окупаторите за формирањето на контрачетата, заради тоа што во ноември имало народен бунт во градот, тие почнале да уапсуваат многумина луѓе, истовремено убивајќи неколку.[5] Кога беше формирана четата за прв пат била составена од 23 членови и тие биле:

Членови на Велешката контрачета (Октомври 1942)
Бр. Име и презиме Дата на постапување Дата на напуштање Колку денови бил во четата Плата (дневна)
1. Лазар Андрев Стојков 24.10. 1942 29.10. 1942 6 116 лева
2. Димитар Ил. Сребров 30.10. 1942 7
3. Димитар Ник. Манасев 30.10. 1942 1
4. Панче Иванов Гулев
5. Милан Панов Завков 24.10. 1942 7
6. Георги Павлов Петров
7. Лазар Илиев Андрев
8. Илија Ангелов Трајков
9. Петар Стојанов Костов
10. Никола Панов Тошев 30.10. 1942 1
11. Кимо Петров Матев 24.10. 1942 7
12. Темелко Матев Костов
13. Петруш Георгиев Лесов
14. Иван Петров Божинов
15. Борис Андреев Мирчев
16. Петар Димев Давчев
17. Апостол Христов Георгиев 29.10. 1942 2
18. Иван Настов Теов
19. Владо Стоилков Андрев
20. Пане Николов Манев 30.10. 1942 1
21. Христо Димев Дурчев
22. Иван Илиев Андов Непознато[6]
23. Георги Димев Чалаков
Извор[3]:60-61

Структура[уреди | уреди извор]

Телата од тие убиени од бугарската фашистичка власт со помош на Велешката контрачета

Кога бил прифатен предологот за формирање на велешка контрачета од Софија почнало брза организација за формирање на четата, заради тоа имало многу проблеми при почетокот на нејзиното дејство. Кога била формирана добила буџет од 3.000 лева со неколку оружја од Скопје, но голем дел на четниците кој се приклучиле немале претходно искуство во војни или битки.[7] За водач Трајко Чундев предложил кон фашистичката влада војводата Пано Николов Манев, според мемоари на Пано Манев, бил првиот водач и единствениот водач на четата, но поранешни документи задржани во архивски центри го именуваат Милан Панов Завков, многу малку е познато за него освен дека бил роден во 1898 во селото Чашка, Македонија. Во 1943 Завков исчезнал и никогаш не бил пак најден, според неколку теории тој бил уапсан и стрелан од страна на Одделението за заштита на народот.[2]:103 Сепак Пано Манев бил секретар на Милан Завков пред неговото исчезнување. Според Ѓорѓи Малковски, тој открил поранешни документи од фашистичката влада на Бугарија каде што помеѓу периодот на исчезнувањето на Милан Завков биле именувани двајца заменици, тие биле Данчо Зафиров Јондолски и Ангел Панов Филипов, но тие биле водачи за краток период. Во 26 јуни е прв пат именуван Пано Манев како главниот водач на контрачетата.[2]:108

Освен водач понекогаш имале секретар или заменик за водачот на четата. Голем број од војниците во контрачетата добиле многу малко за одбрана или за нивното учество, секој член добил само еден Карабин со најмногу 50 куршуми за одбрана, што било ниско, секој месец ќе добиле 50 куршуми додаток, и можеле да одлучат дали да ги штедат или не. Тие добиле исто така и капа, вид на црни чизми, немале униформа но носиле пелерина за да можат да се препознаат. Но главниот водач имал неколку додатоци што другите членови немале, наместо 50 куршуми имал 100, наместо карабин имал шмајзер, нивната пелерина беше поразлична во дизајн од другите војници во четата. Платата била еднака на сите, водачот и војниците добиле 116 лева дневно но ако биле отсутни немале да бидат платени за тој ден. Вкупното 116 лева означуваше 3.480 лева месечно за секој војник, тоа беше еден од највисоките плати во градот Велес, началници на полицајци порано во тоа време имале просечна месечна плата на 3.800 лева.[3]:66 Тоа докажало дека фашистичката влада на Бугарија би потрошила многу пари само за да продолжи ширејќи шовонистичката пропаганда во тој период.

Воени дејства[уреди | уреди извор]

1942[уреди | уреди извор]

Слика од Невена Георгиева - Дуња, еден од најпознатите македонски партизанки

Контрачетата била формирана според државни документи во октомври 1942 но ги почнале нивните воени дејства во декември 1942, нивната прва битка била во 13 ноември 1942, против велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ во селото 'Рлевци, Велешко. Контрачетниците биле силно поразени и заробени, но биле пуштени заради тоа што ветувале на водачите на партизанскиот одред дека немале да учествуваат како контрачетници. Следниот голем судир беше во 4 декември 1942 каде што откриле мала база на партизански војници во Солунска глава, ги следиле војници во различни села, партизанот Ристе Најдовски го убиле кога тој евакуирал од солунска глава до Папрадиште, Јован Басаров бил фатен во Отиштино и осуден во затвор па после обесен без правилна судска пресуда. Во овој напад била брутално убиена македонската партизанка Невена Георгиева - Дуња од страна на бугарските фашистички војници кој што добиле информации за нејзината местоположба од контрачетниците.[2]:111 Во 16 декември 1942 нападнале партизанска база во село Војница, Чашка, било пораз за македонските партизани, неколку биле заробени и 7 партизани биле убиени.[8]

1943[уреди | уреди извор]

Нивните воени дејства станале повеќе редовни, во 3-ти јануари 1943 откриле партизани во Дејковец, Зелениково но сите избегале освен еден партизани со името Владо Кошулчето (1912 - 1943). Заради нивните успеси тие почнале повеќе брутално да ги казнуваат и мачаат сите заробени партизани, учествувале во мачењето на Маца Овчарова каде што бугарската фашистичка полиција одлучила да се закопа Овчарова во 7-ми јануари, 1943 иако уште била жива. После тоа имале долг мирен период којшто траел за првата половина на годината и пак станале повеќе редовни покрај крајот на мај.[2]:113 Во 21 мај се судриле со партизанска база во Ораов Дол, Чашка, но никој не бил заробен ниту убиен и двете страни се повлекле. Во 6-ти август истата година поразиле партизански војници покрај Азот, Чашка и ги убиле еден од водачите.[3]:71-72 Покрај есента во 1943 годината неколку партизански единици се организирале да патуваат од Прилепско кон велешката територија со голем марш. Заради тоа од паника Асен Богданов, кој што бил Скопскиот областен полициски началник формирал полициска единица која што патувала од Скопје до Велес. При тоа ќе се вклучило во велешката полициска сила под водство на Константин Добрев, која што во тоа време била во блиска соработка и контакт со велешката контрачета. Биле успешни и партизанските сили се привлекле во Прилеп.

1944[уреди | уреди извор]

Мапа од февруарскиот поход, контрачетата учествувала со фашистичката бугарска држава против походот.

Во 1944 година вооружената активноста продолжила но сепак била во многу послаба состојба, многумина војници во четата почнале да веруваат дека немале надеж за победата на партизаните, и заради тоа бројот на војници почна да се намалува. Заради тоа четата како обид за сите членови да преживеат почнале да се пасифицираат. Тие учествувале против февруарскиот поход заедно со Љубен Апостолов којшто бил водач на велешкиот полк на бугарската фашистичка армија,[3]:73 Но немале успех. После Пролетната офанзива контрачетата била поразена. Покрај декември 1944 година после народното ослободување на Велес главната база на контрачетата била откриена и сите биле уапсани, во јануари 1945 како дел од масакрот во Велес голем број стрелани биле членови или поранешни членови на контрачетата, заедно со нивниот водач.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Контрачети на ВМРО (2017) од Револуционерот
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Малковски, Ѓорѓи (2021). Велес во Втората светска војна. Европа 92. ISBN 9786082456706.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Малковски, Ѓорѓи (2019). Организациона поставеност и дејствувањето на контрачетниците во Велешко во втората светска војна (1942-1944) (PDF). Здружение на Историчари во Република Македонија.
  4. Малковски, Ѓорѓи (2009). Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941-1944 година. Институт за национална историја. стр. 70. ISBN 9789989624117.
  5. Протестот на Македонките против бугарската фашистичка власт на 11.5.1942 во Велес, една од тврдините на македонската самосвест (2023) од Експрес
  6. Некој од учесници во Велешката контрачета биле неписмени, заради тоа некој наместо да се потпишаат со име, се потпишале со палец и не го потпишале датумот на нивното приклучување.
  7. Поповски, Коста (1986). Narode, strpi se!. Studentski zbor. стр. 90.
  8. Според документација откриено од Ѓорѓи Малковски седумте убиени се: Анде Кошулчев (1923 - 1943), Благој Јанушев (1920 - 1943), Благородна Ивева (1923 - 1943), Стојан Трајков (1910 - 1943), Трајче Панов (1921 - 1943), Миле Милевски (1921 - 1943) и Нада Бутникошарева (1919 - 1943)