Вајат Ерп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вајат Ерп

Вајат Бери Стап Ерп (19 март, 1848 – 13 јануари, 1929) бил американски слуга на законот во неколку градови по западната граница, фармер, ловец на бафала, коцкар, сопственик на салун, рудар и судија во бокс. Познат е по неговото учество во престрелката кај О.К. Корал, заедно со Док Холидеј и двајца од неговите браќа, Вирџил Ерп и Морган Ерп. Познат е и по Одмаздата на Ерпови. Вајат Ерп стана икона на американската народна историја. Често е предмет на филмови, ТВ емисии, биографии и фиктивни дела.

Ран живот во Илиноис и Ајова[уреди]

Куќа во Ајова каде што Ерп живееше во неговото детство

Вајат Ерп е роден во Монмут, Илиноис на 19 март, 1848, на вдовецот Николас Портер Ерп и Вирџинија Ен Кукси (кои се венчаа на 30 јули, 1840, во Хартфорд, Кентаки). Од првиот брак на татко му, Вајат имал постар полубрат, Њутн и полусестра, која умрела на возраст од десет месеци. Татко му на Вајат, Николас, го крстил по неговиот командант во Мексиканско-Американската Војна, Капетан Вајат Бери Стап, од резервистите од Илиноис. Во март 1849, Ерпови го напуштиле Монмут за Калифорнија но се населиле во Ајова. Нивната нова фарма се состоела од 160 акри, единаесет километри североисточно од Пела, Ајова. На 4-ти март, 1856, Николас ја продал фармата и се вратил во Монмут, Илиноис, но не можел да најде работа како рудар или фармер. Соочен со можноста да не може да го издржи семејството, Николас се одлучи да се кандидира, и бил избран, полицаец во општината, служел на ова место околу 3 години. Заработил и нешто од продавање на алкохолни пијалоци, со што станал мета на движењето за апстиненција од алкохол. Му се судело во 1859 за шверц на пијалоци, бил осуден и јавно понижен. Николас не бил во можност да си ги плати казните наложени од судот; на 11-ти ноември, 1859, имотот на Ерпови бил продаден на аукција. По два дена, Ерпови заминале повторно за Пела, Ајова. По оваа преселба, Николас се враќал често во Монмут, во 1860, да го продава својот останат имот и да се соочи со неколку тужби за заостанат долг и обвиненија за даночно затајување. За време на вториот престој во Пела, почнала Американска граѓанска војна. Њутн, Џејмс и Вирџил се придружиле на армијата на Унијата на 11-ти ноември, 1861. Иако, со само 13 години, Вајат бил премногу млад, подоцна пробал во неколку прилики да избега и да и се приклучи на армијата, додека не го најде татко му да го врати дома. Додека Николас бил зафатен со регрутација, Вајат со помош на своите двајца помлади браќа, Морган и Ворен бил на чело со 32-хектарскато поле со пченка. Откако бил сериозно повреден во Фредрикстаун, Мисури, Џејмс се вратил дома, летото 1863. Њутн и Вирџил се бореле во неколку битки на исток и подоцна се вратиле дома. На 12 мај, 1864, Ерпови се качиле на воз за Калифорнија. Книгата на Стјуарт Н. Лејк Wyatt Earp: Frontier Marshal (1931) говори за средби со Индијанци близу Форт Ларами и дека Вајат ја искористил можноста кога запреле кај Форт Бриџер да лови бизони со Џим Бриџер. Подоцна истражувачите сугерирале дека настаните за Ерп во книгата на Лејк се „разубавени“, бидејќи има малку докази за многу од неговите приказни.

Калифорнија[уреди]

До летото 1865, Вајат и Вирџил нашле работа како возачи за кочијата на Финеас Бенинг во Империјал Долината во Калифорнија. Овде се претпоставува дека Вајат прв пат се напил виски; толку му се слошило што не се напил повторно во наредните две декади. Пролетта 1866, Ерп станал превозник, превезувајќи товар за Крис Тејлор. Неговата патека за 1866–1868 била од Вилмингтон, Калифорнија, до Прескот, Територијата на Аризона . Работел по патот од Сан Бернандино низ Лас Вегас, Територијата на Невада, до Солт Лејк Сити. Пролетта 1868, Ерп бил најмен од Чарл Крисман да превезе материјали за конструкцијата на железничката пруга Јунион Пацифик. Овде се верува дека се запознал со коцканњето и боксот; судел борба помеѓу Џон Шанси и Мајк Донован. Исто така бил активен бизнисмен како додаток на коцкањето и бил вклучен во најразлични зделки со недвижнини, заработувајќи на бумот на имотна продажба во средината на ’80-те. Ерп заработил четири салуни и коцкарници во Сан Диего; најпознат од нив е Oyster Bar лоциран во Комерцијалната Банка на Луис на Петтата Авенија. Бил наречен капиталист (коцкар) во именикот на Сан Диего во 1887; покрај другите добивки бил и еден тркачки коњ.

Човек од законот[уреди]

Во пролетта 1868, Ерпови се населиле во Ламар, Мисури, каде Николас станал локален полицаец. Кога Николас се откажал на 17-ти ноември, 1869, Вајат бил поставен на неговото место. На 26-ти ноември за возврат на неговот поставување, Ерп пополни обврзница од $1,000. Негови жиранти за оваа обврзница биле неговиот татко, Николас Потер Ерп; чичко му, Џонатан Даглас Ерп (28 април, 1824 –20 октомври, 1900); и Џејмс Мопин. На 10-ти јануари, 1870, во Ламар, Ерп се оженил за неговата прва жена, Урила Сатерленд (1849 –1870), ќерката на Вилијам и Пермелија Сатерленд, потекло од Њујорк. Бракот наскоро завршил, со смртта на Урила. Датумот на смртта на Урила е базиран на продажбата во ноември на куќата и имотот на Ерп, за $75 која ја купил во август за $50; најверојатно, нејзината смрт ја елиминирала неговата потреба од имот. Има две варијанти за нејзината смрт: едната е тифус; другата е дека умрела на породување. Тој ноември, Ерп се кандидирал и победил за место како полицаец, победувајќи го својот постар полубрат Њутн, со 137 гласови спрема 108. На 14-ти март, 1871, Бартон Каунти, Мисури, поднел тужба против Ерп и неговите жиранти. Бил обвинет за собирањето пари за лиценци, собраните пари биле планирани за основање локални училишта; Ерп бил обвинет за недоставување на собраните пари. На 31-ви март, Џејмс Кромвел покренал тужба против Вајат, товарајќи го дека фалсификувал документи за сумата на парите собрана од Кромвел за да се оправда пред судот. За да се направи разлика колку Ерп пријавил и колку Кромвел должел(тврдел дека ги платил), судот ја конфискувал косилката на Кромвел и ја продала за $38. Тужбата на Кромвел тврдела дека Ерп му должи $75, проценетата цена на косилката. На 1-ви април, Ерп бил еден од тројцата луѓе (заедно со Едвард Кенеди и Џон Шоун) обвинети за кражба на коњи. На 28-ми март, обвинетите наводно украле два коња, "секој вреден по 100 долари ", од Вилијам Кијс во Индијан Кантри. На 6-ти април, заменик шерифот Џ.Г. Овенс го уапсил Ерп за обвиненијата. Комесарот Џејмс Черчил го осудил Ерп на 14-ти април. Кауцијата била 500 долари. На 15-ти мај, обвинението против Ерп, Кенеди и Шоун било објавено. Ана Шоун, сопругата на Џон Шоун, тврдела дека Ерп и Кенеди го опиле нејзиниот сопруг и потоа му се заканиле по животот да ја добијат неговата помош. Меѓутоа, на 5-ти јуни, Едвард Кенеди бил ослободен додека случајот против Ерп и Шоун останал. Соочен со две тужби и криминална постапка, Ерп одлучил да го напушти Мисури. Налог за негово апсење бил издаден. Двете тужби и онаа за кражбата на коњи биле повлечени, делумно заради исчезнуваето на Ерп. Истражувачите не можат да најдат докази дали бил виновен за криминалните обвиненија; меѓутоа, ослободувањето на еден од неговите соучесници можеби влијаело за властите да изгубат интерес.

Пеорија, Илиноис[уреди]

Четири години, истражувачите немаат никакви податоци за дејствијата на Ерп помеѓу 1871 и 28-ми октомври, 1874, кога Ерп се појавил во Вичита, Канзас. Се смета дека ги поминал овие години во лов на бафала во Канзас (како што вели биографијата на Стјуарт Лејк) и во скитање по големите прерии. Се верува дека за време на овој период го запознал својот близок пријател Бет Мастерсон, на Солт Форк, Арканзас Ривер. Сепак, откритието на некои сметки кои сведочат дека бил во Пеорија, Илиноис и околината во 1872 предизвикале сомнеж кај истражувачите за овие тврдења. Ерп го имало во градскиот список на Пеорија во 1872 како потстанар во куќата на Џејн Хаспел, која стопанисувала со бордел. Во февруари 1872, полицијата на Пеорија го претресе борделот, уапси четири жени и тројца мажи. Тројцата мажи биле Вајат Ерп, Морган Ерп и Џорџ Рендал. Вајат и останатите биле обвинети за „Најдени во куќа со лоша слава“. Биле казнети со по 20 долари плус полициските трошоци. Доказ за две дополнителни апсења на Вајат Ерп се најдени за истото злосторство во Пеорија во 1872. Некои истражувачи заклучиле дека информациите од Пеорија покажуваат дека Ерп бил вмешан во пазарот на проститутки во Пеорија во1872. Оваа информација предизвикала истражувачите да ја занемарат теоријата на Лејк дека Ерп ловел бафала во Канзас во периодот 1871–74.

Канзас[уреди]

Во Frontier Marshal, Лејк тврди дека додека бил во Канзас, Ерп се запознал со познати личности како Дивиот Бил Хикок. Лејк го идентификува Ерп како човекот што го уапсил пиштолџијата Бен Томпсон во Елсворт, Канзас, на 15-ти Август, 1873. Меѓутоа, Лејк не ги навел изворите за ваквите тврдења. Понатаму, истражувачите изразиле сомнеж за тврдењата на Лејк. Од достапните документи нема доказ дека Ерп бил во Елсворт тоа време. Застапници за апсењето на Томпсон, па дури и присуството на Ерп во Елсворт во август таа година, водат до неосновани тврдења дека Ерп бил регистриран во Grand Central Hotel таму. Ниту едно истражување не покажува дека Ерп се пријавил во хотелот тоа лето. Во главно, активностите на Бенџамин Томпсон во текот на целата година се опишани до детали во локалниот печат без да се спомне Ерп. Томпсон објави свои тврдења за настаните во 1884, и не го спомна Ерп како човекот одговорен за неговото апсење. Заменикот Ед Хог од Елсворт го спроведол апсењето, откако Били Томпсон ненамерно го застрелал и убил Шерифот Чонси Витни, пријател на браќата Томпсон. Били Томпсон беше подоцна ослободен, што резултираше со повеќе насилство во Елсворт кон Тексашките Каубои. Џон „Среќниот Џек“ Мокро, корумпиран полицаец од Елсворт, беше централна фигура во овие настани. Поради големот насилство што ескалирало во Елсворт тогаш, ако Ерп бил таму ќе било документирано, што не е.

Вичита, Канзас[уреди]

Како и Елсворт, Вичита бил железнички терминал и беше дестинација за терање на стоката која потекнувала од Тексас. Таквите градови по границата каде цутела трговијата со стока биле преполни со пијани, наоружани каубои кои прославувале за добриот пазар. Eрп официјално се приклучил во шерифската канцеларија во Вичита на 21-ви април, 1875, по изборот на Мајк Мигер за градски шериф (терминот предизвикува конфузност бидејќи „градски шериф“ тогаш било синоним за шеф на полиција, термин кој исто така се употребувал). Ерп добил неколку јавни признанија додека бил во Вичита. Тој препознал и уапсил баран крадец на коњи (морал да пука за предупредување но не го повредил човекот) и подоцна група на крадци на кочии. Доживеал и мал момент на срам во 1876 кога револверот му се откачил од појасот и паднал додека лежел на нишалката пред канцеларијата на шерифот, револверот пукнал кога удрил на подот. Куршумот поминал низ неговото палто и се забил во таванот. Нервите на Ерп биле подложени на тест во ситуација која не е опишана во локалните весници но се појавува во биографијата на Лејк, а спомната е и во мемоарите на неговиот заменик Џими Кеирнс. Вајат налутил неколку каубои со што се заканил дека ќе им го одземе пијаното од борделот за кое немале платено и ги принудил да соберат пари за да можат да го задржат. Подоцна, група од околу 50 наоружани каубои се собрала во Дилејно, се подготвувале за „ура“ низ Вичита по реката. („Ура“е стар западен термин за забава без контрола со многу алкохол). Полицијата и граѓаните се собрале да им се спротистават на каубоите во Вичита. Ерп стоел на средина од редицата на бранители на мостот од Дилејно до Вичита и ја задржа толпата, зборувајќи во име на градот. Постепено, каубоите се вртеле и се повлекувале, мирот бил одржан без ниту еден испукан куршум или убиен човек. Години подоцна Кеирнс напиша за Ерп: „Вајат Ерп беше неверојатен полицаец. Секогаш одеше докрај и не се плашеше од ништо. Каубоите го почитуваа и се чинеше дека ја препознаваа неговата надмоќност и авторитет кои некогаш мораше и да ги искористи.“

На престојот на Вајат во Вичита како заменик му дојде крајот на 2-ри април, 1876, кога Ерп сериозно сакал да влезе во трката за нов шериф. Според вестите, поранешниот шериф Бил Смит го обвинил Вајат дека ја сака канцеларијата за да ги протне неговите браќа како полицајци. Вајат одговорил со тупаници кон Смит и го натепал. Мигер бил приморан да пука и да го уапси Ерп за нарушување на мирот. Кога Мигер ги добил изборите, градскиот совет бил поделен за ре-ангажирањето на Ерп. Со намалувањето на трговијата со стока во Вичита, ерп се преселил во следниот град каде цутела трговијата со стока, Доџ Сити, Канзас.

Доџ Сити, Канзас[уреди]

Ерп со Бат Мастерсон во 1876

По 1875, Доџ Сити, Канзас станал голем терминал за стока во Тексас. Ерп беше поставен како помошник шериф во Доџ Сити, под капата на шерифот Лери Дегер, во 1876. Постојат индикации дека Ерп патувал и до Дедвуд на територијата на Дакота, за време на зимата 1876–77. Не бил во полициската служба во Доџ Сити кон крајот на 1877, иако го има на листата дека служел пролетта. Неговото присуство како граѓанин на Доџ е поткрепено со една статија во весник во јули дека бил казнет со 1 долар за удирање шлаканица на развиена проститутка со име Френки Бел, која (според весниците) „...трупала прекари на главата на Г-н Ерп до тој степен што испровоцирала шлаканица од екс-полицаецот ...“ Бел ја поминала ноќта во затвор и била казнета 20 долари, додека казната на Ерп била минимална. Во октомври 1877, Ерп го напуштил Доџ Сити на кратко за да се коцка низ Тексас. Запрел во Форт Грифин, Тексас, каде, според биографијата на Вајат Ерп од Стјуарт Лејк, тој запознал млад, заболекар кој играл карти познат како Док Холидеј. Ерп се вратил во Доџ Сити во 1878 каде станал асистент шериф под закрила на Чарли Басет. Холидеј дошол во Доџ Сити во јуни 1878 и му го спасил животот на Ерп во август. Додека Ерп пробувал да смири расправија во еден бар, каубој извлекол пиштол и го насочил кон грбот на Ерп. Холидеј извикал, „ Внимавај, Вајат“, потоа го извлекол својот пиштол, го исплашил каубојот колку што било потребно да се повлече.

Престрелката со Џорџ Хој[уреди]

Летото 1878, каубојот од Тексас Џорџ Хој, по расправија со Вајат, се вратил со другари и се распукале кон Комик Хол, каде што надвор стоеле полицајците Вајат Ерп и Џим Мастерсон. Во театарот, голем број на куршуми од калиброт 45 го пробиле тенкиот ѕид, принудувајќи ги Док Холидеј, Бет Мастерсон, комичарот Еди Фој и многу други набрзина да легнат на подот. Мастерсон, Фој и Националниот Полициски Билтен подоцна дале сведочења за штетата настаната на зградата и за опасноста на тие што биле внатре, но никој не бил повреден. (Фој рекол дека неговото ново палто кое било закачено, имало три дупки од куршуми на него.) Полицајците внатре и тие што биле надвор возвратиле со оган, а Хој бил погоден на неговиот коњ откако сакал да одјава, со сериозна рана на раката. По еден месец, умрел од раната. Не е познато чиј куршум го погодил Хој, Ерп тврдел дека е неговиот. Џејмс Мастерсон, пиштолџија и помалку познат брат на Бет Мастерсон, стоел до Ерп за време на престрелката, и многу веруваат дека тој го погодил Хој.

Наводното соочување со Клеј Алисон[уреди]

Ерп тврдел дека Роберт Рајт го најмил пиштолџијата Клеј Алисон да го убие Ерп, но Алисон се повлекол кога се соочил со Ерп и Бет Мастерсон. Алисон бил исто така познат лик од стариот запад, но досегашните истражувања не можат да ја потврдат приказната за неговото соочување со Ерп и Мастерсон. Бет Мастерсон бил надвор од градот кога Алисон се обидел да го исплаши Доџ Сити. Приказните од тоа време, и од изјави дадени од биографите на Ерп и самиот Ерп велат дека Вајат Ерп и неговиот пријател Бет Мастерсон Earp се соочиле со Алисон и неговите луѓе во салун, и дека Алисон се повлекол. Меѓутоа, Мастерсон не бил во градот тоа време, настанот се случил на 19 септември, 1878. Не постои независен доказ дека се случила расправија помеѓу Алисон и Ерп. Како и непотврденото тврдење на Ерп (што го има и во биографијата на Лејк) дека го уапсил пиштолџијата Бен Томпсон, тврдењето дека Ерп го натерал Алисон да се повлече не испаднало пред смртта на Алисон. Сведоштва од тој ден рефлектираат дека сточарот Дик МекНалти и сопственикот на Лонг Бранч салунот, Чалк Бисон, интервенирале во полза на градот и ги убедиле каубоите да го предадат оружјето. Како дополнување, Чарли Сиринго, кој бил каубој тоа време но подоцна станал познат детектив, даде пишано сведоштво за инцидентот, како што бил сведок. Тој потврдил дека Мекналти и Бисон биле тие кои го запреле инцидентот, и дека Ерп не дошол во контакт со Алисон. Бисон исто така потврди во пишана форма за инцидентот. Бисон напишал дека тексашкиот сточар Ричард МекНалти бил тој кој му се спротиставил на Алисон, иако другите му даваат повеќе признание на Бисон отколку што тој самиот си дава. Далечен роднина на Ерп објасни дека можеби е тоа некој друг инцидент во кој биле Сиринго и Бисон што се случил во друго време, но нема докази за таков друг сличен инцидент. Селија Ен „Мети“ Блејлок поранешна проститутка, допатувала во Доџ Сити заедно со Ерп. Му била партнерка на Ерп до 1882. Ерп ја напуштил полицијата на Доџ Сити на 9-ти септември, 1878 и се упатил кон Лас Вегас, Ново Мексико, со Блејлок.

„Buntline Special“[уреди]

Како заменик, Ерп бил познат по тоа што користел револвер со долга цевка за да пука и да ги разорожува каубоите кои се противеле на градскиот закон за забрана на носење на огнено оружје. Иако нема доказ за каков револвер станувало збор, забележано е дека неговиот револвер имал долга цевка. Приказната за пиштолот, позната како „Buntline Special“ почнува со убиството на Дора Хенд (која била исто така позната како Фани Кинан) во 1878. Хенд била убиена од човек кој се обидел да го убие градоначалникот на Доџ Сити Џејмс Х. „Кучето“ Кели. Дора била гостинка во куќата на Кели и спиела во неговиот кревет во времето кога Кели и жена му биле надвор од градот. Дора била славна, а нејзиното убиство станало национална вест. Ерп бил во групата која го уапсила убиецот. Приказната за апсењето достигнала и во весници до Њујорк и Калифорнија. Според приказните во весниците, петмина се собрале да го уапсат убиецот: Вајат Ерп, Бет Мастерсон, младиот Бил Тилгман, Чарли Басе и Вилијам Дафи. Ерп го погодил коњот, а Мастерсон го ранил убиецот, кој бил Џејмс „Колецот“ Кенеди син на тексашкиот сточар Мифлин Кенеди. Многу веројатно е дека убиството на Дора и трагањето по нејзиниот убиец биле настаните кои го предизвикале Нед Бантлајн да ги награди со „Buntline Specials.“ Биографијата на Ерп тврди дека подароците биле дадени на „познатите чувари на законот“ Вајат Ерп, Бет Мастерсон, Бил Тилгман, Чарли Басе и Нил Браун од авторот Нед Бантлајн за вoзврат на „локалните бои“ на неговите анегдоти. Ова е технички неточно бидеќи ниту Тилгман ниту Браун биле луѓе од законот во тоа време. Бантлајн напишал само четири анегдоти, сите за Бафало Бил. Лејк потрошил многу напор да го открие Buntline Special преку Колт компанијата, Мастерсон и контакти во Аљаска. Тоа бил „Colt Single Action Army“ модел со 30цм цевка, стандарден изглед, дрвени плочки на двете странио на дршката каде името „Нед“ било изгравирано. Ерп бил единствениот од добитниците кој си го зачувал својот Buntline Special во оригиналната должина; Мастерсон и другите ги скратиле цевките за полесна употреба.

Тумбстоун, Аризона[уреди]

Вајат и неговите постари браќа Џејмс (Џим) и Вирџил се преселиле во гратчето со рудници за сребро Тумбстоун во Територијата на Аризона во декември 1879. Вајат донел вагон кој сакал да го претвори во кочија, но кога дошол видел дека има два пара шини кои се во промет. Џим работел како чувар во бар. Вирџил бил поставен како заменик шериф, уште пред пристигнувањето во Тумбстоун. Шерифот за Територијата на Аризона, Ц.П, Дејк, бил стациониран во Прескот 450 km подалеку, па заменикот шериф во Тумбстоун ја претставувал федералната власт југоисточниот дел од територијата. Во тумбстоун Ерпови тргувале со акции, главно со рудници. Вајат исто така работел за Велс Фарго, обезбедување на неговата кочија кога носела кутии со пари. Постепено, во летото 1880, помладите браќа Морган и Ворен Ерп дошле во Тумбстоун исто така, а во септември, стасал и Док Холидеј. На 25-ти јули, 1880, заменикот шериф Вирџил Ерп го обвинил Френк МекЛори, „каубој“, (често спомнуван во весници како локален термин за трговец со стока почесто синоним за крадец) за учество во крадењето на 6 мазги на Армијата од кампот Рукер. Ова беше федерално злодело зошто животните беа федерална сопственост. МекЛориеви беа фатени од армијата и Ерп како го менуваат брендот „УС“ во „Д8“. Меѓутоа, за да се одбегне поголема расправија, армијата и Ерп се повлекла по договорот дека мазгите ќе бидат вратени. Не ги вратија. Како одговор, портпаролот на Армијата го објави ова во весник за да му ја сруши репутацијата на Френк МекЛори. Овој инцидент го одбележа почетокот на нетрпеливоста меѓу Ерпови и МекЛориеви. Истиот период, Вајат беше поставен како заменик шериф за јужниот дел на Пима Каунти, што во тоа време се содржел во Тумбстоун. Вајат служеше само 3 месеци. На 28-ми октомври, 1880, додека шефот на полицијата во Тумбстоун Фред Вајт се обидел да растури група од пијаници кои пукале кон Месечината на улицата Ален, бил застрелан во препоните во обидот да го конфискува пиштолот на „кадравиот Бил“ Вилијам Брошус, кој бил со групата. Пронајдениот пиштол бил полн со еден испукан куршум. Морган и Вајат Ерп, заедно со Велс Фарго, агентот Фред Доџ, дошле да му помогнат на Вајт. Вајат го удрил Брошус по главата со пиштол позајмен од Доџ и го разоружал Брошус, го уапсил за напад со смртоносно оружје. (Вирџил Ерп не бил присутен на ранувањето на Вајт ниту на апсењето на Брошус.) вајат и уште еден заменик го качиле Брошус на воз следниот ден за Тускон за да му се суди, спасувајќи го да не биде линчуван. Брошус го пропуштил првото сослушување и избегал од градот. Вајт, на возраст од 31 година, умрел од раната по два дена two, менувајќи го обвинението за убиство. На 27-ми декември, 1880, Вајат сведочел во Тускон запредметот Вајт-Брошус. Заради сведочењето на Вајат (и изјавата на Вајт пред да умре) дека пукањето не било намерно, судијата го прогласил пукањето за ненамерно и го ослободил Брошус. Брошус, меѓутоа, останал пријател со МекЛориеви и непријател на Ерпови. Вајат Ерп ја напушти позицијата заменик шериф на Пима Каунти на 9-ти ноември, 1880, 12 дена по убиството на Вајт, поради конфликт со броење на изборни гласови. вајат го симпатизирал републиканскиот кандидат Боб Пол, не и неговиот актуелен шеф, шерифот на Пима, Чарли Шибел. Демократот Шибел бил предодреден да биде победникот. Го поставил демократот Џони Беан да биде заменик на местото на Ерп. Потоа, се открило дека победата на Шибел е поради полнење гласачки кутии од страна на каубоите, Пол бил прогласен за шериф на Пима Каунти. И Ерп и Беан аплицирале за местото шериф на Кошајз Каунти. Вајат, како поранешен заменик и републиканец од иста партија како и територијалниот гувернер Фермонт, претпоставувал дека имал многу добри шанси за местото, но Беан имал политичко влијание во Прескот Behan. Ерп потоа сведочел дека ако ја повлече кандидатурата, па Беан да го прогласат за шериф, Беан ќе го назначи Ерп за заменик. Беан демантирал дека постел таков договор, но признал дека му ветил на Ерп место како заменик шериф. Кога Беан ја доби работата како шериф во февруари 1881, не го постави Ерп за заменик, го одбрал Хари Вудс истакнат демократ наместо Вајат. Според Беан, го прекршил ветувањето да го постави Ерп заради инцидент кој се случил пред неговото поставување за шериф. Инцидентот кулминирал кога откако Вајат слушнал дека еден од неговите расни коњи, украден пред една година, бил во сопственост на Ајк Клентон и Били Клентон. Ерп и Холидеј одјавале на ранчот на Клентонови да го вратат коњот. На патот, го поминале Беан, кој бил во својата кочија. Беан исто така одел кон ранчот да му однесе изборен материјал на Ајк Клентон. Има многу теории што се случило потоа. Вајат сведочел дека кога стасал на ранчот, Били Клентон го предал коњот дури пред да му бидат покажани документите за сопственост. Според сведочењето на Беан, Ерп и Холидеј ги исплашиле Клентонови со тоа што им кажале дека иде Беан да ги уапси за кражба на коњ. Инцидентот имал последица по односот помеѓу Вајат и Беан, ја уништила репутацијата на Клентонови и ги убедил Ерпови дека Клентонови се крадци на коњи. Губењето на местото заменик шериф го оставило Вајат без работа во Тумбстоун; меѓутоа, Вајат и неговите браќа почнале да прават нешто пари од акциите по рудниците во Тумбстоун. Во јануари 1881, вајат Ерп стана ортак, со Лу Рикабо и други, за сопственоста на коцкарницата Ориентал Салун. Малку подоцна, според приказната на Ерп, Џон Тајлер бил најмен од страна на ривал букмејкер да направи проблеми во Ориентал Салун за да ги избрка муштериите. Тајлер станал агресивен по губењето облог па Ерп го фатил за уво и го исфрлил од салунот. Ова е периодот кога се смета дека Ерп го спасил коцкарот мајк О’Рурк, познат како „Џони зад двојката“ да не биде линчуван откако бил уапсен за убиство на рудар. Овој инцидент подоцна ќе се придодаде на легендата за Ерп како човек од законот. Тензиите помеѓу Ерпови и Клентонови и МекЛориеви се зголемиле во 1881. Во март 1881, три каубои пробале да ограбат кочија кај Бенсон, во која возачот и еден патник биле убиени во престрелката. Имало гласини дека Док Холидеј, кој бил пријател на еден од осомничените, бил вмешан. Првичното обвинение за вмешаноста на Док било почнато од неговата партнерка Мери Катерин „Нослата Кејт“ Хорони во една пијана расправија, потоа демантирала кога се отрезнила. Вајат подоцна сведочел во обид да остане чисто името на Док и да си помогне на самиот себе за следните избори за шериф, отишол кај Ајк Клентон и Френк МекЛори и им понудил дека ќе им ги даде парите од наградата за информација која водела до апсење на крадците. Според Ерп, и Френк МекЛори и Ајк Клентон се согласиле на ваквиот договор agreed. Набрзо, тројцата осомничени за нападот на кочијата биле убиени во различни инциденти. Клентон го обвинил Ерп дека кажал за нивниот договор или на брат му Морган или на Док Холидеј. Во меѓувреме, тензиите помеѓу Меклориеви и Ерпови се дигнале со пресретнувањето на уште една кочија во Тумбстоун (8-ми септември), патничка кочија близу Бизби. Маскираните ограбувачи ги потресле патниците и биле препознаени по гласовите како Пит Спенс и Френк Стилвел, бизнис партнер на Спенс кој бил отпуштен од канцеларијата на шерифот Беан (за неправилности во сметководството во собирањето данок). Спенс и Стилвел биле пријатели на МекЛориеви. Вајат и Вирџил Ерп јавале со група во потрага по ограбувачите од Бизби, додека трагале, Вајат забележал чудна трага од чизма. Кога проверил во работилница за поправање на чизми во Бизби дошло до идентификација на Стилвел, кој бил скорашен муштерија, а сметка во Бизби ги посочила двајцата Спенс и Стилвел. Стилвел бил пронајден со нови чизми кои одговарале на трагата. Стилвел и Спенс биле уапсени од замениците на шерифите, Брејкенриџ и Нејџел за грабеж на кочија, и подоцна според заменик шериф Вирџил Ерп за федерален престап и грабеж на пошта. Биле пуштени со кауција, но биле повторно уапсени од Вирџил за грабеж во Бизби по еден месец, 13-ти октомври. Весниците, меѓутоа, објавиле дека биле уапсени за друг грабеж на кочија на 8-ми септември близу Контеншн Сити. Се случила помалку од две недели пред престрелката кај О.К.Корал. Додека Вајат и Вирџил биле надвор од градот за сослушувањето на Спенс и Стилвел, Френк МекЛори се соочил со Морган Ерп, предупредувајќи го дека МекЛориеви ќе ги убијат Ерпови ако се обидат да ги уапсат Спенс, Стилвел или МекЛориеви уште еднаш.

Престрелката кај О.К. Корал[уреди]

Среда, 26-ти октомври, 1881, тензијата помеѓу Ерпови и „Каубоите“ ја надминала границата. Вирџил Ерп побарал Вајат Ерп и Док Холидеј да им се придружат него и на Морган Ерп во подготовките за престрелката. Двајцата станале заменици за оваа прилика. Вајат зборувал за неговите браќа Вирџил и Морган како „шерифи“ а тој делувал како „заменик“. Приближно околу 15 часот Ерпови продолжиле кон О.К. Корал каде што претходно се собрале„Каубоите“, со намера да се пресметаат со Ерпови. Ајк Клентон, били Клејборн и други каубои гореле за борба, а Ерпови и Холидеј биле решени да им ја пружат. Марта Џ. Кинг, која била во месарницата на Бауер на улицата Фремонт кога поминувале Ерпови, сведочела дека слушнала еден од Ерпови [Морган] како му вели на Док Холидеј, „Да им покажеме!“ на кое Холидеј одговорил, „Важи!“. Кога групата на Ерп стигнала помеѓу куќата на Харвуд и куќата на Флај, „каубоите“ се приближиле да ги пресретнат, па двете групи си застанале очи во очи на блиско растојание. Според еден сведок, Док Холидеј извлекол сачмарка и ја втурнал во стомакот на Френк МекЛори и се вратил неколку чекори наназад. Вирџил Ерп не помислувал на борба и го покажал тоа што го држел бастунот на Холидеј во десната рака. Тој им наредил на Каубоите да ги „испразнат рацете“. Но кога пиштолите беа извадени, морал да вика по своите луѓе „Стој! Не мислам така!“. Веднаш, настанало општо пукање. И покрај фалењето низ цел град дека ќе ги убие Ерпови или Док Холидеј на првата прилика, Ајк Клентон се испаничил кога почнало пукањето и паднал пред нозете на Вајат Ерп, покажувајќи дека не е вооружен. Вајат Ерп брзо го фрлил настрана и го свртел вниманието кон другите „каубои“, а Клентон истрчал до фотостудиото на Флај кое било во близина. Според Жителите на Тумбстоун, Док Холидеј пукал прв, го погодил Френк МекЛори во стомакот, а Морган Ерп испукал веднаш по Холидеј, го погодил Били Клентон, најверојатно во десниот зглоб. Били се одржал на нозе и го префрлил пиштолот во другата рака, и возвратил со оган од левата рака. И двата истрела биле скоро исто време што не можело да се определи кој прв пукал. Потоа се јавил истрел од зад групата на Ерп од заседа од Ајк Клентон (од фотостудиото), Џони Беан или пријателот на Беан, Вил Ален, го привлекол вниманието на цела група на Ерп за неидентификуваниот каубој од заседа зад нив. Во оваа прилика, Том МекЛори пукнал од зад коњот каде се криел, го погодил Морган Ерп во грбот, но док Холидеј се приближил до коњот, бидејќи пиштолот со кој го застрелал Френк МекЛори го вратил на појасот, ги испразнил двете цевки од сачмарката на Вирџил во Том одблизу. Смртно ранет, Том МекЛори почнал да бега кон улицата Фремонт, каде и умрел. Пукањето продолжило, со Били Клентон и Френк МекЛори ранети. Или Били или Френк го погодил Вирџил во потколеницата, а Вирџил, иако погоден, го испукал следниот свој куршум кон Били Клентон. Френк и Док се изедначиле, Френк го погодил Док во левиот колк, но куршумот се одбил од кожниот појас на Док, се здобил само со модринка. Морган бил исправен и сѐ уште пукал, тој, Док и Вајат тројцата пукале кон Френк, и Морган и док мислеле дека го испукале смртоносниот истрел. Пукотницата продолжи и не заврши додека Били Клентон не падна на земја (најверојатно од куршумот во левата страна од градите). Со ова ја зголеми неговата репутација како „еден од најдобрите пиштолџии во земјата“. Според Џози Маркус, браќата Ерп рекле што е неопходно на сослушувањето спротивно од лагите на шерифот Џони Беан и Каубоите. Љубовницата на Вајат која подоцна му станала законска жена, ја потврдила вистината на Марта Џ. Кинг за зборовите на Морган и Док додека одела на пресметката. Сведочењето на Вајат било во пишана форма (било дозволено со закон, да се пополнат изјави без да има накрсно испрашување) па Вајат, не бил испрашуван накрсно. Вајат сведочел дека тој и Били ја почнале борбата откако Клентон и МекЛори ги повлекле пиштолите, па Вајат го застрелал Френк во стомакот, а Били пукал кон него и го промашил. Ниеден сведок не го оспорил сведочењето на вајат Ерп дека Ајк Клентон истрчал до него и покажувал дека е невооружен. На ова Вајат му одговорил, „Оди бори се или бегај!“. Оваа случка потврдила дека групата на Ерп немала намера да убива невооружени луѓе. Така, невооружениот Ајк Клентон ја избегнал престрелката неповреден, како и Били Клејборн. Вајат не бил погоден во престрелката, додека Док Холидеј, Вирџил Ерп и Морган Ерп биле погодени. Били Клентон, Том МекЛори и Френк МекЛори биле убиени. Били Клентон и Френк Мек Лори биле вооружени со пиштоли и појаси, ги искористиле да ги ранат Вирџил, Морган и Док. Не бил пронајден пиштол кај Том МекЛори по престрелката. Каубоите тврделе дека не бил вооружен, но некои од ерпови велат дека бил вооружен и дека испукал најмалку еден куршум од зад коњот. Некои докази наведуваат дека шерифот Џони Беан го тргнал неговото оружје од местото. Џози Маркус рекла дека некој го грабнал пиштолот откако Том го испуштил, најверојатно Џони Беан. Беан во своето сведочење изјавил дека неговиот претрес по оружјето на Том не бил темелен, и дека можно е Том да имал пиштол скриен под појасот покриен со неговата долга кошула и елек кои паѓале над неговите панталони. Во неговото сведочење, Вајат изјавил дека верувал дека МекЛори носел пиштол, но неговиот јазик укажува на двоумење. Истото е вистина и за сведочењето на Вирџил Ерп. Двајцата браќа Ерп оставиле просотр за контрадикторност, но никој не се двоумел дека Том бил убиен од Док Холидеј со сачмарка.

Од херои до обвинети[уреди]

На 30-ти октомври, Ајк Клентон поднел обвинение за убиство против Ерпови и Холидеј. Вајат и Холидеј биле уапсени и донесени пред судот Велс Спајсер, додека Морган и Вирџил сѐ уште се опоравувале. Била одредена кауција од 10 000 долари по човек. Сослушувањето што требало да одлучи дали има докази за судење почнало на 1-ви ноември. Првите сведоци биле Били Ален и Беан. Ален сведочел дека Холидеј го испукал првиот куршум и дека и вториот дошол од групата на Ерпови, додека на Били Клентон рацете му биле во вис. Потоа Беан сведочел дека слушнал како Били Клентон вели „Не ме пукај.Не сакам да се борам“. Тој исто така сведочел дека Том МекЛори го откопчил палтото за да покаже дека не е вооружен и дека првите два истрела биле испукани од групата на Ерпови. Беан рекол дека мислел дека и следните три истрела дошле од групата на Ерпови. Погледите на Беан го свртеле јавното мислење против браќата Ерп. Неговото сведочење опишало многу поразлична престрелка оод таа во весниците. По сведочењето на Ален и Беан и сведочењето на неколку други сведоци, одлуката паднала на судијата Џон Хенри. По сите аргументи, судијата пресудил да бидат однесени во затвор. Јавниот обвинител имал силен случај. Неколку сведоци сведочеле дека Том МекЛори не бил вооружен witnesses, дека на Били Клентон рацете му биле во вис и дека МекЛориеви не биле бељаџии. Тие опишале дека Клентон и Том МекЛори биле незаслужно малтертирани и тепани од Ерпови на денот на престрелката. Ерпови и Холидеј веќе сигурно ќе биле осудени ако Ајк Клентон ненамерно не ги спасел. Сведоштвото на Клентон ја повторило приказната дека биле малтретирани од Ерпови и Холидеј ноќта пред престрелката. Повтори дека првите истрели дошле од Холидеј и Морган и дека следните биле исто така од групата на Ерпови. Потоа во накрсното испрашување, Клентон кажал приказна која водела до престрелката која немала смисла. Кажал за грабежот на кочијата во Бенсон и парите кои всушност не биле украдени. Ајк тврдел дека Холидеј, Морган, Вајат и Вирџил Ерп му се довериле нему секој посебно за нивните улоги во заташкувањето на случајот со грабежот на кочијата во Бенсон и дека дозволиле грабнувачите да избегаат. Кога завршил Ајк со сведочењето целиот случај на обвинителството станал сомнителен. Првиот сведок на одбраната бил Вајат Ерп. Тој прочитал претходно подготвена изјава за проблемите на Ерпови со Меклориеви и Клентонови, објаснил зошто сакале да ги разоружаат Каубоите, и тврдел дека пукале во самоодбрана. Бидејќи се изјавил во пишана форма, обвинителот немал право да го испрашува накрсно. Откако одбраната најде сомнежи во случајот на обвинителството, судијата дозволи Вајат и Холидеј да се вратат во нивните домови на време за Денот на Благодарноста. Два сведока, неутрални, дале клучни докази што довело до ослободување на Ерпови и Холидеј. Една од нив била кројачката на фустани, Ади Бурленд, која ја гледала борбата од нејзинита соба преку улицата Фремонт од куќата на Флај. Сведочела дека од самиот старт двете групи се соочиле, пукањето било од двете страни, никој не држел раце горе, и дека не видела никој да падне. Ова неутрално сведочење ги поништи сведочењата на шерифот Беан, Ајк Клентон и другите каубои кои сведочеле. Другиот сведок бил судијата Џ.Х. Лукас од основниот суд во Кошајз Каунти, Територија на Аризона, чија канцеларија била на 60 метри од престрелката. Сведочењето на Лукас ги потврдело зборовите на Ади Бурленд, дека Били Клентон стоел на нозе и пукал. Кога паднал на земја пукањето престанало. Судот пресудил дека обвинетите делувале според законот (бидејќи Холидеј и Вајат биле поставени заменици од страна на Вирџил), на ред била поротата да ја разгледа пресудата. Вирџил Ерп бил критикуван за изборот на заменици, но никакви закони не биле прекршени. Иако Ерпови и Холидеј биле слободни, нивната репутација била срушена. Симпатизерите на каубоите (мал број) во Тумбстоун гледале во Ерпови крадци и убијци. На 16 декември, поротата одлучила да не и противречи на првобитната пресуда.

Одмаздата на каубоите[уреди]

На 28-ми декември, додека шетал низ салуни по улицата Ален, Вирџил бил нападнат со сачмарка. Левата рака и рамото му се здобиле со повреда. Капата на Ајк Клентон била најдена зад зградата на улицата Ален од каде е пукано. Вајат побарал од шерифот Кровли Дејк да биде назначен како заменик шериф со можност да постави негови заменици. Дејк го одобрил ова. Во средината на јануари, Вајат ги продал акциите од коцкарницата Ориентал кога Рикабо го продал салунот на Милт Џојс. На 2-ри февруари, 1882, Вајат и Вирџил, им се смачило од критиките кон нив, му ги понудиле своите оставки на Дејк, кој не сакал да ги прифати. Истиот ден, Вајат му пратил порака на Ајк Клентон во која му порачал да си ги решат недоразбирањата. Клентон одбил. Исто така истиот ден, Клентон бил ослободен од обвиненијата за пукањето во Вирџил Ерп, кога одбраната донела седум сведоци кои сведочеле дека Клентон бил во Чарлстон за време на пукањето. По театарска претстава на 18-ти март, Морган Ерп бил убиен од човек кој пукал од темна уличка. Морган бил погоден во долниот дел од грбот додека вториот истрел го погодил ѕидот над главата на Вајат. Фаталниот истрел го турнал Морган земја пред ходникот. Дошол доктор и го пренеле од ходникот на кревет. Убиецот избегал во темнината, Морган умрел 40 минути подоцна.

Одмаздата на Ерп[уреди]

Базирано на сведочењето на жената на Пит Спенс, Мариета, за истрагата за убиството на Морган, поротата заклучила дека Спенс, Стилвел, Федерик Бод и Флорентино „Индијанецот Чарли“ Круз биле главните осомничени за убиството на Морган Ерп. Спенс сам се предал за да биде позаштитен во затворот на Беан. Во недела, 19-ти март, ден по убиството на Морган, Вајат, брат му Џејмс и група пријатели го однеле телото на Морган на железничка станица во Бенсон. Го качиле телото на Морган на воз заедно со Џејмс, да го однесе до фамилијарниот дом во Колтон, Калифорнија. Таму, жена му на Морган чекала да го закопа. Следниот ден, Вирџил и неговата жена Али биле безбедно испратени од Тумбстоун. Вајат разбрал дека возовите што заминувале од Бенсон биле набљудувани во Тускон, да се однесе инвалидниот Вирџил во Тускон било тешко. Вајат, Ворен Ерп, Холидеј, Турки Крик Џек Џонсон и Шерман МекМастерс ги однеле Вирџил и Али во воз во Бенсон, ги оставиле нивните коњи во Контеншн Сити и се качиле со Вирџил. Кога возот застанал во Тускон во темницата, се слушнал истрел. Телото на Френк Стилвел било најдено сабајлето на шините. Што барал Стилвел близу возот на Ерпови никогаш не е објаснето. Ајк Клентон го влошил неговиот случај кога кажал дека тој и Стилвел имале некои проблеми со законот и слушнале дека иделе Ерпови да го убијат Стилвел. Според Клентон, Стилвел исчезнал од хотелот, бил пронајден подоцна неколку блока подалеку на шините. Вајат, многу години подоцна, во биографијата на Флуд, вели дека неговата група ги видела Стилвел и Клентон на шините со оружје и дека тој го убил Стилвел. По убиството на Стилвел во Тускон и откако го испратиле возот со Вирџил во Калифорнија, групата на Ерп одела пеш. Сакале да фатат воз од Бенсон за до Контеншн Сити, за да отидат во Тумбстоун на пладне следниот ден (21-ви март). Станале барани, бидејќи убиството на Стилвел се поврзало со групата на Ерп, биле издадени налози за апсење на петмина од групата на Ерп. Го игнорирале Џони Беан биле придружени и од Тексас Џек Вермилион, групата на Ерп одјавала од градот вечерта. На 22-ри март, групата на Ерп одјавала до шумската куќичка на Пит Спенс на планините Драгун, го барале Спенс. Сакале да добијат сведоштво за убиството на Морган. Спенс бил во затвор, но во куќата го нашле Флорентино Круз. Ерп му кажал на својот биограф Лејк дека го натерал Круз да признае дека гледал како Стилвел, Хенк Свилинг, Кадравиот Бил и Џони Ринго го убиле Морган. По „исповедувањето“ Вајат и другите го убиле Круз. Два дена подоцна, во Ајрон Спингс, групата на Ерп, барајќи средба со курир налетале на група каубои водени од Кадравиот Бил Вилијам Брошус. Според Вајат, скокнал од коњот да се бори, кога забележал дека неговата група се повлекува, го оставила него сам. Кадравиот Бил и Вајат си размениле неколку истрели од сачмарки. Кадравиот Бил бил погоден во градите од сачмарката на Вајат и паднал и умрел. Вајат избегнал неколку истрели од групата на Бил додека се качил на коњот и не бил погоден. За време на борбата, уште еден каубој Џони Барнс се здобил со фатални рани. Групата на Ерп останала неповредена и ги поминала следните две недели во јавање кон Тумбстоун. На крајот кога им станало јасно дека групата на Беан нема да се бори со нив, ниту дека можат да се вратат во градот, решиле да одјаваат од територијата засекогаш. Во средината на април 1882, Вајат Ерп ја напуштил Територијата на Аризона.

Живот по Тумбстоун[уреди]

Пиштолот на Ерп во Аласка

По убиството на Кадравиот Бил, Ерпови ја напуштиле Аризона и заминале за Колорадо. Шерман Мекмастерс им се придружил за Колорадо, спротивно од филмот Тумбстоун каде е убиен по наредба на Џони Ринго.На една пауза во Албакерки, Ново Мексико, Вајат и Холидеј имале расправија, но останале во добри односи. Груапата се разделила, Холидеј се упатил кон Пуебло па потоа Денвер. Ерпови и Тексас Џек кампувале надвор од Гунисон, Колорадо, каде останале тивки и ретко оделе по намирници во градот. Повремено, Вајат играл фаро во локалниот салун. Се што поседувал Вајат во Тумбстоун било продадено за да се платат даноците. Вајат и Ворен му се придружиле на Вирџил во Сан Франциско Virgil in San Francisco во 1882. Таму, Вајат ја обновил романсата со Џози Маркус, некогашна љубовница на Беан и веројатно законска жена. Во меѓувреме, законската жена на Вајат, Мети, поранешна проститутка и зависничка од лауданум (иако нејзината зависност не е потврдена, нејзината смрт е предизвикана од предозирање со лауданум според смртниот извештај), го чекала во Колтон но сфатила дека нема да се врати. (Вајат и ја оставил на Мети куќата кога си заминал од Тумбстоун) Ерп го напуштил Сан Франциско со Џози во 1883, а таа стана негова партнерка во наредните 46 години. Иако немало потврда за брак, се претставувале како сопруг и сопруга, што било и доволно за Стариот Запад за заедница (и денес е исто во некои западни држави како Колорадо). Ерп и Маркус се вратиле во Гунисон каде се населиле, а Ерп продолжил да води играчница за фаро. Ерп, многу години подоцна, тврдел дека Хој сакал да го убие по завет на Роберт Рајт, со кој имал расправија. Ерп рекол дека караницата меѓу него и Рајт почнала кога Ерп го уапсил Боби Рејчалс, кој застрелал германски свирач. Според Ерп, Рајт сакал да го бојкотира апсењето бидејќи Рејчалс бил еден од најголемите финансиски придонесувачи за економијата во Доџ Сити. Во 1883, Ерп се вратил, заедно со Бет Мастерсон, во Доџ Сити да му помогнат на пријател да се справи со корумпиран градоначалник. Познатата Војна во Доџ Сити почна кога градоначалникот на Доџ Сити сакал да му го упропасти бизнисот на Лук Шорт а потоа да го избрка од градот. Шорт му се пожалил на Мастерсон, кој го контактирал Ерп. Додека Шорт дискутирал со гувернерот Џорџ вашингтон Глик во Канзас Сити, Ерп се појавил со Џони Милсап, „Сачмарката“ Џон Колинс, Тексас Џек Вермилион и Џони Грин. Тие оделе по главната улица до салунот на Шорт каде биле назначени за заменици од страна на „Прериското Куче“ Дејв Мероу. Градскиот Совет понудил договор да му дозволат на Шорт да се врати по 10 дена откако ќе си ги среди работите, но Ерп го одбил договорот. Кога Шорт се вратил, немало сила која можела да го избрка. Салунот на Шорт се отворил повторно, а Војната во Доџ Сити завршила без ниту еден испукан куршум. Ерп ја поминал следната декада во водење салуни и издавање на коцкарски лиценци и во инвестирање во рудниците во Колорадо и Ајдахо, со застанувања во неколку рударски гратчиња. Во 1884, Ерп и двајца помали браќа влегле во капиталот на Мареј-Игл рудникот во Ајдахо. За шест месеци нивните акции згаснале, па го напуштиле Мареј-Игл. Во 1886, Ерп и Џози се преселиле во Сан Диего и останале таму четири години. Ерп водел неколку коцкарници во градот и се занимавал со недвижнини. HИсто така судел во борби за титула и во трки со коњи. На 3-ти јули, 1888, Мети, која секогаш се сметала за жена на Вајат, извршила самоубиство во Пинал, Територијата на Аризона, со земање на голема доза лауданум. Ерпови се вратиле во Сан Франциско за време на 90-тите за Џози да биде поблиску до семејството а Вајат до неговото ново работно место, управник на штала за коњи во Санта Роса. Летото 1896, Ерп ги напишал своите мемоари со помош на измислен писател (Флуд). На 3-ти декември, 1896, Ерп бил судија на важен бокс натпревар. За време на борбата Боб Фитцсимонс, кој бил во преднос, добил низок удар од Том Шарки. Ерп прогласил победа за Шарки и бил обвинет за местење. Фитцсимонс ставил забрана на парите од наградата додека судот не одлучи кој бил вистинскиот победник. Судијата одлучил дека случај на борба, а згора на тоа и со награда, била нелегална во Сан Франциско, па судот не можел да одлучи кој е победникот. Есента 1897, Ерп и Џози се придружиле на златната треска во Аљаска, а следните неколку години Ерп водел неколку салуни и издавал коцкарски лиценци во Ном. Додека живееле во Аљаска, Ерп можно е да го запознал и да се спријателил со Џек Лондон. Меѓутоа, ова е под знак прашалник, зошто Лондон учествувал во златната треска во Клондајк во 1897, а златната треска во Ном се случила неколку години подоцна иако Лондон е познат по тоа дека бил насекаде. Контроверзноста го следела насекаде Ерп и тој бил уапсен неколку пати за некои мали прекршоци. До 1906, Ерп и Џози се населиле во градот Видал во пустината Соноран во Калифорнија каде имал акции во рудници за злато и бакар близу планините Випл. Ерп се преселил во Холивуд, каде се запознал со неколку познати и некои што потоа ќе станат познати актери од различни филмови. На сетот на еден филм, запознал млад реквизитар кој подоцна ќе стане Џон Вејн. Вејн подоцна ќе му признае на Хју Обрајан дека ја базирал својата слика како вестерн човек од законот според разговорите со Ерп. Еден од пријателите на Ерп во Холивуд бил Вилијам С. Харт, многу позната ѕвезда каубој тоа време. Во раните 20-ти, Ерп служел како заменик шериф во Сан Бернандино Каунти, Калифорнија. Вајат Ерп умрел дома во малиот апартман на Ерпови 4004 В на 17-та улица, во Лос Ангелес, од хронична циста (некои извори велат рак на простатата) на 13 јануари, 1929 на 80-годишна возраст. Вестерн актерите Вилијам С. Харт и Том Микс присуствувале на погребот. Неговата жена Џози била премногу погодена од жал што не можела да присуствува. Џози го кремирала телото на Вајат и го закопала пепелот во земјиште на семејството Маркус на ридовите на Вечноста, еврејски гробишта (Џози била еврејка) во Колма, Калифорнија. Кога таа умрела во 1944, нејзината пепел била закопана до на Вајат. Оригиналната надгробна плоча била украдена во 1944 но била заменета со нова.

Филмови и телевизија[уреди]

Филмови и телевизиски серии кои ја портретираат легендата за Ерп[уреди]

Frontier Marshal' (1934)–Првата филмска адаптација на романот на Лејк за Ерп. Ликот на Ерп, кој го глуми Џорџ О’Брајан, е преименуван во „Мајкл Ерп“.

Frontier Marshal (1939)–со Рендолф Скот.

Tombstone, the Town Too Tough to Die (1942)–со Ричард Дикс.

My Darling Clementine (1946)–со Хенри Фонда во режија на Џон Форд.

Wichita (1955)–соЏоел МекКри.

The Life and Legend of Wyatt Earp (1955–1961)–телевизиска серија со Хју О’Брајан како Вајат Ерп.

Gunfight at the O.K. Corral (1957)–со Барт Ланкастер.

Hour of the Gun (1967)–со Џејмс Гарнер во првите два филма со гарнер како Ерп.

Doc (movie) (1971)–ја раскажува приказната за Престрелката кај О.К. Корал од гледна точка на Док Холидеј. Стејси Кич го глуми Док а Харис Јалин го глуми Вајат.

Tombstone (1993)–со Курт Расел.

Wyatt Earp (1994)–со Кевин Костнер.

Други филмови и телевизиски епизоди кои ја користеле легендата за инспирација[уреди]

Law and Order (1932)–филм со Волтер Хјустон како Фрејм Џонсон, лик инспириран од Вајат Ерп.

Dodge City (1939)–филм со Ерол Флин како Вејд Хатон, инспириран од Вајат Ерп.

Winchester '73 (1950)–филм со Џејмс Стјуарт кој добива пушка Винчестер која е украдена . Вил Гир го игра Вајат Ерп.

Gun Belt (1953)–филм за одметникот Били Ринго.

Masterson of Kansas (1954)–филм за Бет Мастерсон.

Badman's Country (1958)–Пет Герет има проблеми со бандата на Буч Кесиди и го вика Вајат Ерп.

Alias Jesse James (1959)–комедија со Боб Хоуп, со појавување на Хју О’Брајан како Ерп.

Warlock (1959)–вестерн филм со Ричард Видмарк, Хенри Хонда и Ентони Квин. Ликовите на Хонда и Квин се базирани на Ерп и Док Холидеј.

The Secret World of Eddie Hodges (1960)–мјузикл.

Cheyenne Autumn (1964)–вестерн на Џон Форд каде се појавува Ерп неповрзано со филмот, игран од Џејмс Стјуарт.

Sfida a Rio Bravo (1965)–филм со Гај медисон како Ерп.

The Gunfighters (1966 епизода Доктор Ху)

Spectre of the Gun (1968 епизода од Ѕвездени Патеки)–Персоналот на Ентерпрајз се приморани да ја играат улогата на бандата на Клентонови како во истиот инцидент во Тумбстоун. Во оваа верзија, Ерп (Рон Собл) и неговите луѓе се опишани како криминалци. Членот на актерската екипа на Ѕвездени Патеки Дефорест Кели претходно го портретирал Морган Ерп вофилмот од 1957, Gunfight at the O.K. Corral.

Which Way to the OK Corral? (1971 епизода од Алијас Смит и Џонс) со Камерон Мичел како Вајат Ерп и Бил Флечер како Док Холидеј

I Married Wyatt Earp (1983)–телевизиска драма базирана на (наводните) мемоари на Џозефин Маркус Ерп, играна од Мери Озмонд.

Sunset (1988)–Том Микс (Брус Вилис) и Вајат Ерп (Џејмс Гарнер во неговиот втор филм како Ерп) се здружуваат за да решат убиство на доделувањето на оскарите во 1929 во Холивуд (кои се одржале неколку месеци по смртта на Вајат)

An American Tail: Fievel Goes West (1991) – анимиран филм со старо полициско куче со име Вајли Барп, со гласот на Џејмс Стјуарт.

The Gambler Returns: The Luck of the Draw (1991)–ТВ филм со Кени Роџерс како Коцкарот. Хју О’Брајан се појавува како Вајат Ерп.

Young Indiana Jones and the Hollywood Follies (1994) – Тв филм со Шон Патрик Фланери. Лео Гордон во својата последна улога се појавува како остарен Вајат Ерп, како консултант за вестерн филмови.

Shanghai Noon (2000) – филм кој не е за вајат Ерп, но на крајот ликот на Овен Вилсон признава дека неговото вистинско име е Вајат Ерп, откако станува шериф.

Deadwood (2006)–вајат и брат му Морган се појавуваат во две епизоди од третата сезона. Вајат е игран од Гејл Харолд.

Поезија[уреди]

Во долгата наративна поема Wyatt Earp in Dallas, 1963 од Стив МекКејб, Ерп добива пророштво од затвореник кој ги предвидува измислувањето на телевизијата и атентатот на претседателот Кенеди. Ерп, мотивиран од ова пророштво, патува низ времето во Далас да го спречи атентатот на Кенеди.

Изрека за Ерп[уреди]

„Ниеден човек не може да има по верен пријател од Вајат Ерп, ниту поопасен непријател“. – Бет Мастерсон.

Видете исто така[уреди]