Вале де лос Каидос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долина на паднатите
Valle de los Caídos
Santa Cruz del Valle de los Caídos.jpg
Поглед кон комплексот
Податоци
Место блиску Мадрид
Земја Шпанија
Архитект Педро Мугуруса и Диего Мендес
Изградбата започнала 1940


Вале де лос Каидос (шппански: Valle de los Caídos) е национален монументален комплекс во општината Сан Лоренцо де Ел Ескоријал, провинција Мадрид, Шпанија. Во превод, Вале де лос Каидос значи “долина на паднатите“ или “Опатијата на Светиот Крст“(шппански: Abadía de la Santa Cruz del Valle de los Caídos). Комплексот се наоѓа на 9 километри северно од Ескоријал.

Тој бил изграден по наредба на Франсиско Франко, за да по неговата смрт биде погребан таму заедно со Хосе Антонио Примо де Ривера,[1] еден од основачите на “Шпанска фаланга“, како и уште 33 872 луѓе кои биле убиени или загинати за време на Шпанската граѓанска војна. Според указот издаден на 1 април 1940 година, гробницата и католичката базилика биле изградени[2]во спомен за загинатите во војната. Целиот комплекс започнал да се гради во 1940 година, но целосно бил отворен односно завршен во 1959 година. Архитекти на проектот се Педро Мугуруса и Диего Мендес.

Опатијата се состои од две главни згради. Во првата, која се наоѓа поблиску до Крстот е т.н. бенедиктска опатија, а другата главно е за туристички цели во која се наоѓаат монасите. Комплексот се простира на околу 300 метри должина и 150 метри ширина. Веднаш до опатијата се наоѓа гробницата на монасите, која е затворена за посетителите.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]