Буника

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Буника
Буника
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Зрнцовидни
Фамилија: Зрнци
Род: Буника
Вид: Црна буника
Биномен назив
Hyoscyamus niger
L.

Буника или црна буника (науч. Hyoscyamus niger) — токсично растение од фамилија зрнци (Solanaceae) со потекло од Евроазија,[1] а денес распространето низ целиот свет.

Во минатото се користела заедно со други растенија како мандрагората, лудото билје и татулата as an анестетик, но и во „волшебни напитоци“ поради психоактивните особини.[1][2][3] Дејството се одликува со халуцинирање и чувство на летање.[4] Билката традиционално се користела ширум Европа, Азија и арапскиот свет.[5] Римскиот природонаучник Плиниј Постариот говори за употребата на буниката во стара Грција, каде се нарекувала „Аполонова билка“. Растението го земале свештеничките на Аполон за да дојдат до пророштва.[1]

Листовите и семето содржат хиосциамин, скополамин и други тропански алкалоиди.[1] Кај луѓето предизвикува халуцинации,[1] проширени зеници, раздразнетост и вцрвенување на кожата. Поретко забележани дејства се тахикардија, напади на грчење, повраќање, хипертензија, хиперпирексија и атаксија.

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Roberts 1998, стр. 31
  2. Anthony John Carter MB FFARCS (март 2003). „Myths and mandrakes“ (PDF). „Journal of the Royal Society of Medicine“ 96 (3): 144–147. doi:10.1258/jrsm.96.3.144. PMID 12612119. PMC: 539425. http://www.jrsm.org/cgi/reprint/96/3/144.pdf. 
  3. A. J. Carter (1996-12-21). „Narcosis and nightshade“. „British Medical Journal“ 313 (7072): 1630–1632. doi:10.1136/bmj.313.7072.1630. PMID 8991015. PMC: 2359130. http://www.bmj.com/archive/7072ad4.htm. 
  4. Schultes & Smith 1976, стр. 22
  5. Joseph Perez, Janet Lloyd, The Spanish Inquisition, Yale University Press, 2006, ISBN 0-300-11982-8, ISBN 978-0-300-11982-4, стр. 229 footnote 10]

Надворешни врски[уреди]