Бршленова лига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бршленовата лига (англиски: Ivy League) е атлетска конференција основана во 1954 година. Лигата е составена од спортските тимови на осум приватни високо-образовни институции од северо-источна Америка. Името на конференцијата исто така често се користи да се означат овие осум универзитети како група. Термиот 'Бршленова лига' има и конотации на академска возвишеност, селективност при уписот и општествен елитизам. Осумте универзитети кои ја сочинуваат лигата се Универзитетот Браун, Колеџот Дартмут, Универзитетот Јеил, Универзитетот Колумбија, Универзитетот Корнел, Универзитетот Принстон, Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот Харвард.

Во склоп на оваа лига спортските тимови на универзитетите-членови се натпреваруваат во повеќе од 40 спортови и дисциплини, поединечно или во тимови, машка и женска конкуренција.

Библиографија[уреди]