Бригада (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бригада
Создадена одАлексеј Сидоров
УлогиСергеј Безруков
Владимир Вдовиченков
Дмитриј Дужев
Павел Маиков
Екатерина Гусева
Андреј Панин
Земја на потеклоРусија
Бр. на сезони1, за сега
Бр. на епизоди15, за сега
Производство
Времетраење52 минути
Прикажување
Првична мрежаBeta Film GmbH
Сликов формат480i (SDTV),
720p (HDTV)
Првично прикажување23 септември 2002 – сегашност

Бригада (руски: Бригада) е руска криминална серија, создадена во 2002 година. За многу краток период, оваа серија станала една од најпопуларните серии на сите времиња во Русија. Серијата има 15 епизоди, а е напишана од Игор Порублов и Алексеј Сидоров, а режијата е на Алексеј Сидоров. Премиерата во Македонија е на Телевизија Телма.

Концепт[уреди | уреди извор]

Во текот на 1989 година Саша Белов се враќа од војната во Авганистан. За цело тоа време додека бил отсутен, животот во неговата земја Русија се изменил многу. Неговите пријатели од детството, Пчела и Космос за тоа време се претвориле во рекетари. Саша дознава дека и неговата девојка Лена исто така го изневерува. Додека ги решава проблемите со неа пред клубот во која таа работи, тој се судира со нејзиниот нов “газда“ Мува, со криминално досие. Роднина на самиот Мува е Каверин, висок чиновник во полицијата во Русија. Пчела и Космос го наговоруваат на Саша да започне да се заниава со рекетарство, но тој постојано не прифаќа, бидејќи се подготвува да се запише на факултет. Нивниот последен другар, Фил заработува пари учествувајќи на натпревари на “улични борби“. На еден натпревар во самата публика е и Мува, чија цел е да го убие на Саша. Избувнува масовна тепачка, каде на крајот полицијата, на чело со Каверин, го пронајдува мртвото тело на Мува. За тоа убиство е обвинет Александар Белов-Саша, кој Космос успева да го сокрие надвор од градот. Во вилата каде што престојува, Саша се вљубува во сосетката и негова идна жена Оља. Со текот на времето, Саша и неговата новоформирана “бригада“ стануваат највлијателните луѓе на црниот бизнис во Русија...

Ликови[уреди | уреди извор]

Актерите кои глумеле во серијата станале познати имиња многу брзо откако серијата се емитувала на телевизија.[1]

Саша Белов (Сергеј Безруков) – водач на криминалната група. Многу паметен и интелигентен, а најголема мана му е неверувањето во никого.

Фил ( Владимир Вдовиченков) - По Саша, тој е најискрениот член на групата. Долги години бил боксер, но поради болест го напушта спортот за да стане каскадер. По обидот за убиство, долго време е во кома, пред да биде убиен.

Космос (Дмитриј Дужев) – Еден од творците на групата. Подоцна, Саша открива дека тој е убиецот на Мува, станува зависник од дрога а Саша тешко му верува на неговитезборови.

Пчела (Павел Маиков) – Најтивкиот член кај групата. Подоцна, од Саша сметан за одговорен за атентатот врз неговите другари.

Оља (Екатерина Гусева) – Сопруга на Саша,со кој има син и големи семејни проблеми но сепак на крајот заедно ги решаваат.

Каверин (Андреј Панин) –Лошата страна во филмот. Во почетокот е полицаец кој сака да го обвини Саша за убиството на Мува, а подоцна лично се пресметува со неговата група.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ulyana Svetacheva. „Сериалу "Бригада" 20 лет: как изменились любимые актеры за это время“. Komsomolskaya Pravda.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]