Борче Димовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борче Димовски
Роден 15 март 1943
Шестево, Костурско,  Грција
Починал 27 јуни 2014
Штутгарт,  Германија
Занимање спортист

Борче Димовски (Шестево, Костурско, 15 март 1943 - Штутгарт, Германија, 27 јуни 2014) — македонски спортист, прославен борач и еден од првите македонски олимпијци кој настапил на олимписките игри во Мексико.

Животопис[уреди | уреди извор]

Димовски е роден на 15 март 1943 година во Шиштево (Шестево), Егејска Македонија. Тој заедно со Симеон Шутев е првиот македонски борач, кој настапил на Олимписките игри во Мексико 1968 година. Бил учесник и на Средоземните игри, на европски првенства, на балкански првенства, освојувач на многу медали, еден од подобрите македонски борачи низ историјата. Борче Димовски бил член на БК Вардар, а по завршувањето на кариерата останал да живее во Германија. Починал во Штутгарт, Германија на 27 јуни 2014 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IN MEMORIAM: Борче Димовски (1943-2014). Архивирано од изворникот на 2014-08-03. Посетено на 2015-08-11.