Борка Драгоевиќ-Јосифовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борка Драгоевиќ-Јосифовска
Родена 1910
Горња Србица, Австроунгарија
Починала Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање класичен филолог

Борка Драгоевиќ-Јосифовска ( 1910 во Горња Србица2003 во Скопје) — македонски класичен филолог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала класична филологија и археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1834). Работи како кустос во Археолошкиот музеј во Скопје (1948-1958), а потоа како професор по латински јазик на Катедрата за класична филологија (до 1976). Во 1956 година го уредила лапидариумот во Куршумли ан. Вршела истражувања на повеќе наоѓалишта: Исар-Марвинци, Драчево, Живојно, Стоби, Скупи и др. Член е на одборите за издавање на античките натписи од Југославија и на Tabula Imperii Romani.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Драгослав“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 487. Text "series " ignored (help)