Боже, чувај го царот!

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Боже чувај го царот!
Боже, Царя храни!
Државна химна на Русија Flag of Russia Руска империја
Текст Василиј Андреевич Жуковски
Музика Алексеј Фјодорович Лвов
Прифатена 1833
До 1917

„Боже чувај го царот!“ (руски: Боже, Царя храни!) била државна химна на доцната Руска империја. Песната била избрана на конкурс во 1833 г. Нејзин композитор е виолинистот Кнез Алексеј Фјодорович Лвов, а текстописец е романтистичкиот дворски поет Василиј Андреевич Жуковски. Химната важела сè до 1917 г., кога Октомвриската револуција ја соборила царистичката монархија и ја заменила химната со Интернационалата како нова државна химна.

Мелодијата може да се чуе во Увертирата 1812, Словенскиот марш, „Хаил, Пенсилванија!“ (официјалната државна песна на Пенсилванија, САД), „Бог, семоќниот!“; „Цврсто врзани во братство“, официјалната песна на Редот на Стрелата која ја користи истата мелодија, но со поинаков текст.

Содржина

[уреди] Текст

[уреди] Руски

Боже, Царя храни!
Сильный, державный,
Царствуй на славу, Hа славу намъ!
( 2x :)
Царствуй на страхъ врагамъ,
Царь православный.
Боже, Царя, Царя храни!
( 2x :)

[уреди] Македонски

Боже чувај го царот!
Силниот, величествениот,
Царувај за слава,
За наша слава!
( 2x :)
Царувај на стравот на непријателите,
Царе православен,
Боже чувај го царот,
Чувај го царот!
( 2x :)

[уреди] Медија


[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици