Интернационала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Интернационалата
"L'Internationale", оригинална француска верзија
Друг насловL'Internationale (француски)
ТекстЕжен Потје, 1871
МузикаПјер Дегејтер, 1888
Усвоена1890-ти
Звучен извадок
„Интернационалата“ (инструментална верзија)

Интернационалата (L'Internationale на француски) е најпозната работничка химна, која како своја ја прифаќаат социјалистите, комунистите и социјалните анархисти. Оригиналните француски стихови ги има напишано Ежен Потје во 1870 година. На почетокот Интернационалата се пееше на музика од Марселезата, но од 1888 година се пее на музика компонирана од Пјер Дегејтер.

Обично Интернационалата се третира како комунистичка химна, иако таа не е химна само на комунистите. Ваквата поврзаност во голема мера се должи на фактот дека по доаѓањето на комунистите по Октомвриската револуција од 1917 година на власт во Русија, Интернационалата беше прогласена за државна химна на Советскиот Сојуз. Така беше до 1944 година, кога Интернационалата престана да биде државна химна на СССР и стана партиска химна на Комунистичката партија на СССР.

Интернационалата е препеана на многу светски јазици, при што на некои јазици постојат повеќе нејзини препеви. Помеѓу различните препеви на Интернационалата постојат значителни разлики во текстот.

Македонскиот препев на Интернационалата[уреди | уреди извор]

Автор на македонскиот препев на Интернационалата е Славко Јаневски, кој препевот на македонски јазик го направи врз основа на препевот на српскохрватски јазик.

Текстот на македонскиот препев на Интернационалата е следниов:

На нозе презрени и гладни!
На нозе робје од цел свет!
Со сила урни сила долу,
В прав нека падне врагот клет.
Стројот стар се урнува, паѓа,
На нозе, робје, дигај се!
Се менува цел свет од темел,
Кој беше ништо тој ќе е сè!
Тоа ќе е последен
И одлучен, тежок бој,
Со Интернационала
Во нов и светол строј! X 2

Понов препев на Интернационалата на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Во борба, вие робје земни,
Еј робје гладни и без глас!
На сегде разум нека грми,
Бие денес заден час.
Сета гнилост в гробје нека падне
Нека стане секој роб
Нов Свет ќе никне од нас сами
Ти што си ништо, биди сè!
Бој се бие во светот
Смел и тежок заден бој,
Интернационала
Да биде сиот род! Х 2

Буквален превод на францускиот оригинал на Интернационалата[уреди | уреди извор]

Простум, проколнати на земјава!
Простум, маченици на гладот!
Умот грми во својот кратер,
Ова е ерупција на крајот.
Од минатото да направиме табула раса,
Толпи робови, простум, простум!
Светот ќе се промени од основа:
Ние што не сме ништо, да бидеме сè!
Ова е последната битка,
Да се собереме и утре
Интернационалата
Ќе биде човечкиот род!
Нема врховни спасители:
Ни Бог, ни Цезар, ни херои,
Производители, да се спасиме самите!
Да го донесеме заедничкиот поздрав!
За крадецот да испушти душа,
За да ја извлечеме душата од занданата,
Сами да ја разжариме нашата ковачница,
Да го коваме железото додека е жешко!
Ова е последната битка,
Да се собереме и утре
Интернационалата
Ќе биде човечкиот род!
Состојбава притиска и законот мами;
Под данокот крвари несреќниот;
Ниедна обврска не му се наметнува на богатиот;
Правото на сиромашниот е шуплив збор.
Доста беше чмаење во стеги,
Еднаквоста бара други закони;
„Нема права без обврски,“ вели таа,
„Ниту пак обврски без права!“
Ова е последната битка,
Да се собереме и утре
Интернационалата
Ќе биде човечкиот род!
Одвратни во нивната слава,
Кралевите на рудникот и пругата
Направиле ли некогаш нешто друго
Освен што го пљачкаат трудот:
Во ковчезите на оваа банда
Сè што создадовме е таму.
А тие велат дека само си го враќаат,
Дека само го сакаат својот долг.
Ова е последната битка,
Да се собереме и утре
Интернационалата
Ќе биде човечкиот род!
Кралевите нè гушат во магли,
Мир меѓу нас, војна на тираните!
Да ги дигнеме на штрајк војските,
Кундакот во воздух, да ги искинеме чиновите!
Ако навалат, тие човекојадци,
Ќе направат од нас јунаци,
Ќе дознаат наскоро дека нашите куршуми
Се за нашите сопствени генерации.
Ова е последната битка,
Да се собереме и утре
Интернационалата
Ќе биде човечкиот род!
Работници, селани, ние сме
Големата партија на трудбеници;
Земјата им припаѓа само на луѓето,
Легачот ќе оди да живее на друго место.
Колку само од нашите мрши се гостат!
Но ако враните, мршојадците,
Едно утро исчезнат
Сонцето засекогаш ќе свети!
Ова е последната битка,
Да се собереме и утре
Интернационалата
Ќе биде човечкиот род!

Надворешни врски[уреди | уреди извор]