Битолски земјотрес (1994)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Битолски земјотрес 1994)
Битолски земјотрес 1994
Датум 1 септември 1994
Магнитуда 5,2 Mw
Епицентар Битола
Зафатени земји/подрачја Македонија Македонија
Жртви 10 повредени

Битолскиот земјотрес во 1994 годиназемјотрес кој ја зафатил Битола и околината на југозападниот дел на Македонија, на 1 септември 1994 година. 10 лица биле полесно повредени, додека во градот биле уништени фасади и покриви на некои постари градби. Земјотресот, кој имал магнитуда од 5,2 степени бил со епицентар 15 км западно Битола, околу 100 километри јужно од Скопје. Неколку постари згради биле исто така оштетени и во Кавадарци, кој е оддалечен 70 километри од Битола. Помали потреси биле почувствувани и во Демир Хисар, Ресен и Охрид.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Бугарија и Грција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Сотир Пановски (уредник), „Земјотресот во Битола од 1 септември 1994: зборник на трудови од научнопопуларната трибина одржана на 27 септември 1996 година во Битола“, Битола, 1996.