Бистерна (Прдејци)

Координати: 41°12′40″N 22°29′0″E / 41.21111° СГШ; 22.48333° ИГД / 41.21111; 22.48333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бистерна

Поглед кон Бистерна

Карта

Местоположба 41°12′40″N 22°29′0″E / 41.21111° СГШ; 22.48333° ИГД / 41.21111; 22.48333
Основни податоци
Место Прдејци
Општина Гевгелија
Тип

 населба  црква  некропола

Период бакарно време
римско време
среден век
Портал „Археологија“

Бистернаархеолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. На 500 м северозападно од селото, во плантажите на „Вино-југ“ од Гевгелија, на површина од околу 2 хектара се откриени делови од овални јами со пречник од 1.5 - 2m и длабочина од 0.80 - 1.20m, во кои се најдени фрагменти од керамички тави со груба фактура и рачно работење, како и камени и кремени орудија. На поголем дел од наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси, архитектонска пластика, а најден е и дел од надгробна стела. Исто така, пронајдени се и траги од објекти градени од кршен камен и тегули, поврзани со варов малтер, мозаични подови, ќерамички тубулуси и суспензури. Во долниот дел на плантажата е откриена и поголема еднокорабна црква со траги од фрескоживопис. Масивните ѕидови на објектот се градени од кршен камен и варов малтер.

Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 112, ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]