Биотички фактори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Биотички фактор или Биотички однос е односот помеѓу организмите (растенијата, животните и човекот). Биотичките фактори во еден екосистем ги вклучуваат: растенијата, животните, праживотните и сите други живи организми. Биотичките како и абиотичките фактори се во различни заемни дејства. Сите организми се борат за: храна, вода, простор и други потреби за опстанок во средината која ги опкружува. Поради нивните заеднички особини се јавува конкуренција меѓу различните видови. На пример: два различни видови од една заедница можат да се исхрануваат со исти растенија.

Други две форми на заемни дејства на биотичките фактори се предаторството и симбиозата. Кај предаторството едно животно, предаторот, го убива и го јаде другото животно, пленот. На пример: во шумската заедница волкот е предатор, а еленот е плен. А симбиозата претставува блиска врска меѓу два организми од различни видови. Обично, барем едниот вид има корист од оваа врска.

Конкуренција[уреди]

Конкуренцијата е една од основните начини на кои организмите се во заемни односи. Таа претставува користење или одбрана на еден природен извор од страната на една единка, со што таа го брани изворот од дугите единки. На пример: речната пастрмка се бори за биотопот. Кога другите риби ќе се обидат да влезат во нејзината територија таа се бори да ја задржи. Доколку во тоа биде успешна, таа го задржува изборот на храна и на простор.

Биолозите препознаваат два главни вида на конкуренција - интраспециска и интерспециска.

Интраспециската конкуренција е меѓу членови од ист вид. Таа конкуренција е многу остра, бидејќи на членовите од ист вид им се потребни: иста храна, простор, и партнери. На пример: кај многу видови на цицачи како што се волкот или бабунот, мажјаците се борат за место во заедницата кое ќе им овозможи да се парат. Исто и крајбрежните дрвја на ист начин се борат за што поголема достапност до хранливите материи и водата од почвата, како и потребата за сончева светлина при процесот фотосинтеза.

Во една популација, индивидуите кои се приспособени за опстанок го пренесуваат својот генетски материјал на малдите во поголема пера од нивните помалку успешни конкуренти. На тој начин интраспециската конкуренција е една од движечките сили во еволуцијата.

Интерспециската конкуренција е меѓу членовите на различни видови. Овој тип на конкуренција е со послаб интензитет од онаа меѓу единките од ист вид. Бидејќи единките од различни видови не се натпреваруваат за иста храна, простор или партнери. Но кога два вида се борат за одреден природен извор, едниот ќе го добие, а другиот не.

Направени се експерименти од многу научници кои дале податоци дека кога два или повеќе вида се натпреватруваат за сосема ист извор за живеење, успева само еден вид. Односно двајцата натпреварувачи неможат да преживеат во ист ограничен избор. Овој факт биолозите го нарекуваат принцип на исклучување во конкуренцијата. На пример: три вида славејчиња јадат слични видови на храна и можат да населуваат исти шуми, но тие се разликуваат во исхраната. Секој вид се исхранува на различни височини на дрвјата. Ваквите приспособувања во однесувањето ја намалуваат, но не ја ислкучуваат конкуренцијата за храна.

Поврзано[уреди]