Биотоп

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Биотоп е единица на животниот простор во кој главно владеат воедначени услови за живот (песочен морски брег, планински карпи, езерска шир, еден дел од морето.

Секој тип на биотоп е населен со специфична животна населба (заедница). Всушност, во заедницата, (биоценозата) што населува еден биотоп (на пример, бара), на разни делови на Земјата, може да се најдат различни видови, но заедницата во целина има типичен состав во однос на организационите форми, бројот и количината на организмите. Во еден биотоп различните видови што припаѓаат на една биоценоза имаат различни функции. На пример, на едно дрво (даб) живеат стрижибубите, сеницата и колвачот, но секој од нив различно се однесува кон средината што го опкружува.

Функционалната положба на еден вид во биоценозата неговата улога и активност во процесите на размената на материјата и енергијата во рамките на екосистемот, се означува како еколошка ниша на тој вид.