Белото Циганче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Белото Циганче“  
Beloto cigance-kultura thumb.jpg
Автор Видое Подгорец
Наслов на
оригиналот
Белото циганче
Илустратор Александар Сотироски
Изработувач на
корицата
Александар Сотироски
Земја Македонија
Јазик македонски
Жанр(ови) детска литература
Издавач Просветно дело, Детска радост, Култура
Издадена 1966 (прво издание), 2004 (последно издание)[1]
Страници 143
ISBN ISBN 9989-32-242-2

Белото Циганче е книга од Видое Подгорец. Издадена е во 1966 година и екранизирана од страна на Македонската Радио Телевизија.

Содржина[уреди]

Во книгата се работи за едно дете кое било оставено за време на војната во некое село. Додека бегале од окупаторот, група Роми го пронашле и го одгледале. Момчето се викало Таруно и немало никаква врска со Циганите, но научило да ги почитува нивните обичаи, научило како да преживее, да заработи за живот плетејќи кошници. Имал пријатели Насиха и Рапуш кои биле цигани и не судел по бојата на кожата туку по карактерот. Останатите луѓе едноставно не го поднесувале Таруно и го викале Белото циганче. Tој бил срамежлив. Неколкупати се обидел да се спротистави на селските деца но секогаш завршувал во небрано.

Таруно имал убав бел коњ по име Белка. Кога Белка се ождребува, раѓа црвено ждребе со бел белег на предната нога. Таруно го одгледува ждребето како негово и го крстува Бреско. Кога Белка умира, Бреско е сѐ уште ждребе, тој немал кој да го рани и сите изгубиле надеж од него, но Таруно успеал да го одржи живо. Неколкупати Бреско бега и повторно се враќа. Некогаш го нема толку долго време што Таруно почнува да жали и плаче. Приказната за Белото циганче станува уште потрогателна со смртта на неговиот старател, Бабa Мулон го одгледал како свое дете и му помогнал да стане добар и умен човек со големо срце.

Наводи[уреди]