Баскервилски пес
| „Баскервилски пес“ | |
Корица на првото издание. |
|
| Автор | Артур Конан Дојл |
|---|---|
| Наслов на оригиналот |
The Hound of the Baskervilles |
| Изработувач на корицата |
Алфред Гарт Џонс |
| Земја | Обединетото Кралство |
| Јазик | англиски |
| Серијал | Шерлок Холмс |
| Жанр(ови) | детективски роман |
| Издавач | George Newnes |
| Издадена | 1902[1] |
| Медиум | печатено |
| Страници | 359 |
| Претходна | „Мемоарите на Шерлок Холмс“ |
| Следна | „Враќањето на Шерлок Холмс“ |
Баскервилски пес (англиски: The Hound of the Baskervilles) е криминалистички роман од Сер Артур Конан Дојл, издаван во списанието Стренд во 1901 и 1902. Случките се одвиваат во Дартмур во 1889. Во делото Шерлок Холмс и Др.Вотсон ја истражуваат клетвата поврзана со Баскервилското куче.
[уреди] Инспирација
Главна инспирација било мочуриштето Фокс Тор за пишување на романот. Имотот на Бскервил е или имотот на Хејфорд Хол или на Брук Менор, што и двете се во близина на Баскфестлија. Во ова дело повторно се појавува Шерлок Холмс со Др. Вотсон. Конан Дојл ги вметнал повторно поради нивниот претходен успех.
[уреди] Главни ликови
Шерлок Холмс – главниот лик во романот, детективот од улицата 221b Baker Street од Лондон кој ќе ја реши мистеријата околу ѕверот и убиставата.
Џон Вотсон– раскажувачот на приказната, соработник на Шерлок Холмс и негов пријател.
Хуго Баскервил– сопственик на имотот Баскервил од 17 век со кого започнала мистеријата во семејството.
Чарлс Баскервил– препоследниот преживеан сопственик на имотот, кој е убиен веднаш на почетокот на романот и неговото убиство е едно од главните во романот.
Хенри Баскервил– внук на Чарлс Баскервил, наследник на имотот и еден од главните ликови.
Д-р Мортимер– лекар, пријател на Чарлс и Хенри Баскервил, лик кој го открива убиството.
Џек Степлтон– главниот антагонист, убиец и заговорник на серија убистава и проневери.
Берил Степлтон– сопруга на Џек Степлтон, но и во улога на негова сестра.
Џон и Елиза Беримор– главни домашни помошници на Баскервелови.
Лора Лионс– наводна љубовница на Џ. Степлтон.
Селден– тежок криминалец кој пребегнал во близината на Баскервелови.
[уреди] Наводи
- ↑ „Facsimile of the 1st edition (1902)“. S4ulanguages.com. http://www.s4ulanguages.com/sherlock.html. проверено на 2010-04-20.
|
||||||||||||||||
|
||||||||||||||||