„Студија во светлоцрвено“ е детективски роман напишан од Сер Артур Конан Дојл и била објавена во 1887. Тоа е првата приказна што го обработува ликот Шерлок Холмс, што подоцна ќе стане еден од најпознатите литературни детективски ликови. Името на книгата доаѓа од говорот што Шерлок Холмс му го дава на неговиот пријател Д-р Ватсон каде опишува дека убиствата во приказната се како негова студија во светлоцрвено.