Авантурите на Шерлок Холмс (анг. The Adventures of Sherlock Holmes) е збирка од дванаесет раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл, илустрирани од Сидни Паџит кои првобитно излегувале во списанието Стренд од јули 1891 до јуни 1892 год. Книгата била издадена на 14 октомври 1892 од издавачката куќа Џорџ Њунс, а американското издание било издадено на 15 октомври од Харпер. Почетниот тираж во двете земји заедно бил 14.500 примероци.
Книгата била забранета во Советскиот Сојуз во 1929 год. заради окултизам, иако такво нешто не може да се најде во книгата. Нешто подоцна, забраната била отповикана.
Адаптации [уреди]
Авантурите на Шерлок Холмс биле филмувани во низа телевизиски серии од страна на Телевизија Гранада во Англија во периодот помеѓу 1984 и 1994 год. За повеќе информации, видете: Авантурите на Шерлок Холмс (телевизија).
Авантурите на Шерлок Холмс биле филмувани во игран филм од 1939 год., вториот филм во кој Бејзил Ратбон го игра Холмс и Најџел Брус е Доктор Вотсон. Таму, Џорџ Цуко го игра професорот Мориарти, кој ги заплашува неговите помошници. Ова е еден од најдобрите филмови во серијалот, со добри глумци и добра мистерија со јужноамерикански гаучоси, „Поемата на стариот морнар“, и кралските обележја.
Поврзано [уреди]
|
|
|
| Романи |
|
|
|
| Колекција кратки раскази |
|
|
| Главни личности |
|
|
| Поврзани теми |
|
|