Д-р Вотсон
Од Википедија, слободната енциклопедија
- „Џон Вотсон“ пренасочува тука. За останати употреби, видете ја страницата за појаснување.
| Д-р Џон Х. Вотсон | |
|---|---|
| Лик од Шерлок Холмс | |
![]() Д-р Вотсон и Шерлок Холмс, илустрација на Сидни Пеџет. |
|
| Прво појавување | Студија во светлоцрвено |
| Последно појавување | "Неговото последно поклонување" |
| Создаден од | Сер Артур Конан Дојл |
| Информации | |
| Пол | машко |
| Занимање | лекар |
| Титула | Доктор |
| Сопружник | Мери Морстан (сопруга) |
| Националност | Англичанец |
Доктор Џон Вотсон е измислен карактер, пријател, соработник и биографер на Шерлок Холмс, измислениот славен детектив создаден од Сер Артур Конан Дојл. Според разните приказни поврзани за него и Шерлок Холмс, Др. Џон Вотсон е роден на 7 август 1852 со целосно име како Џон Хемиш Вотсон. Во приказните, Вотсон живее со Шерлок Холмс на 221Б Бејкер Стрит и по професија бил лекар.
Џон Вотсон е прераскажувачот на приказните за Шерлок Холмс, поточно во четири романи и 52 од 56 приказни. Две од останатите четири се прераскажани од самиот Шерлок Холмс а две од трето лице.
|
||||||||||||||||


