Базилика Канделарија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Базилика Канделарија
Basílica de Nuestra Señora de la Candelaria
Candelaria Basilica.jpg
Основни податоци
Место Канделарија, Тенерифе, Шпанија

Базиликата Канделарија (шпански: Basílica de Nuestra Señora de la Candelaria) е базилика која се наоѓа во Канделарија, островот Тенерифе, Шпанија[1] . Храмот е посветен на Богородица Канделарија.[2]

Храмот се наоѓа на околу 20 милји од главниот град Санта Крус де Тенерифе. Секоја година, на 14 и 15 август во овој храм доаѓаат голем број на верници бидејќи датумот е поврзан со патронатот на градот, девица Канделарија која е светец-заштитник на Канарските острови.[3], а како таква била прогласена во 1596 година од страна на кралот Филип III од Шпанија. Во исто време кралот христијанскиот храм го прогласил како Кралско светилиште на Канделарија.

Базиликата е дизајнирана од страна на архитектот Хозе Енрике Мареро Регаладо. [4]Базиликата има капацитет од 5,000 верници кое означува дека е една од поголемите во Шпанија. Изградбата на денешниот објект започнала во 1949 а завршшила во 1959 година.[5]

Храмот беше прогласен од Папа Бенедикт XVI, како Мала Базилика на 24 јануари 2011 година и официјално ги објави на 2 февруари истата година, се совпадна со празникот на Канделарија.[6]

[уреди] Галерија

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици