Бабинска Река
Бабинска Река Базерничка Река Мала Река | |
---|---|
Бабинска Река низ селото Базерник | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Плакенска Планина |
Устие | |
• место | Црна Река |
• координати | 41°18′3″N 21°5′51″E / 41.30083° СГШ; 21.09750° ИГД |
• надм. вис. | 683 м |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река → Вардар → Егејско Море |
Речен слив | Вардар |
Бабинска Река (позната и како Базерничка Река или Мала Река) — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река. Речните води се богати со охридска пастрмка со црвени точки. Тие исто така претставуваат извор за производство на електрична енергија.
Течение[уреди | уреди извор]
Реката извира на Плакенска Планина, на надморска висина од 1.902 м. Нејзиното течение понатаму се спушта по падините на планината, поминува низ селата Базерник и Бабино, по што се влева во Црна Река.[1]
Рибарство[уреди | уреди извор]
Бабинска Река е богата со охридска пастрмка со црвени точки. Во атарот на селото Бабино се наоѓа истоимениот рибник „Бабино“. Рибникот е сместен меѓу два зелени речни брега, каде што извира вода со капацитет од 30 до 200 литри л/с. Неговиот капацитет е годишно производство на пастрмка од 80.000 кг. Рибникот претставува туристичка атракција во демирхисарскиот крај и е посетуван особено во летниот период.[2]
Енергетика[уреди | уреди извор]
По течението на реката е изградена малата хидроцентрала „Мала Река“ со моќност од 270 KW.[3]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Течението на Бабинска Река
-
Малата хидроелектрана „Мала Река“ изградена на реката
-
Течението на Бабинска Река
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 9. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Б., А.. „Рибопроизводството можност за развој на рурален туризам[мртва врска]“, Утрински весник, 22 мај 2012.
- ↑ Преглед на производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија - мали хидроелектроцентрали, „Регулаторна комисија за енергетика“, 2014.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Бабинска Река на Ризницата ?