Археометрија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Археометрија е збир од физички и хемиски методи кои во археологијата се применуваат за одредување на староста и составот на материјалот. Опфаќа геофизички методи кои се користат за проспекција на археолошки локалитети и објекти: магнетометриски мерења и мерења на електричниот отпор на погребните структури (метални предмети, материјали кои гореле, јами и ровови исполнети со органска материја, ѕидови и гробници). Потоа хемиски и геохемиски методи за одредување на составот на материјалот, како и физичко-хемиски методи за датирање.
Најголемата база за извор на врски поврзани со Археометријата е ArchNet, т.е.WWW Virtual Library of Archaeology, каде можат да се најдат релевантни врски за Археометрија, сортирани според извори, почнувајќи од институции, региони, се до континети.
[уреди] Проект - Македонска лабараторија за археометрија
Овој проект беше долго спреман и најавуван. Носител е Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во моментов работат со еден од најновите модели на инструменти т.н. микрорамански спектрометар, со чија помош може да се анализираат пигменти користени во средновековното фрескосликарство, како и неолитска и византиска керамика.
| Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
[уреди] Надворешни врски
- Зголемување на истражувачките капацитети на лабораторијата за археометрија на Институтот за хемија при ПМФ - FP6 проект финансиран од страна на европската унија
- Интернет база за археометрија
- Македонија доби лабараторија за археометрија
- Европа ја поддржува соработката за византиското наследство
- Промовиран проект за археометрија
