Арсенал ЖФК

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арсенал ЖФК
Целосно име Арсенал Женски Фудбалски Клуб
Прекар(и) Топчии
The Gunners
Основан 1987
Стадион Медоу Парк , Боремвуд
Капацитет 4,502 (600 седишта)
Претседател Англија Кит Еделман
Лига Женска Премиер Лига
2006–07 Женска Преммиер Лига, 1ви

Арсенал Женски Фудбалски Клуб е англиски женски фудбалски клуб. Арсенал ЖФК е поврзан со ФК Арсенал. Основан во 1987, клубот е најуспешниот клуб во англискиот женски фудбал; тимот ја има освоено Женската Премиер Лига девет пати, женскиот ФА Куп осум пати, и Женскиот Лига Куп девет пати. Во 2006-07 ги освоија сите три домашни натпреварувања (Премиер Лигата ја освоија без ниту еден пораз) и Женскиот Куп на УЕФА со што станаа единствен фудбалски клуб (во женскиот но и машкиот фудбал) кој освоил четири титули во една сезона.

Историја[уреди]

Клубот е основан во 1987 година од страна на Вик Ејкерс, кој е сѐ уште генерален менаџер на клубот. Тие ја освоија првата голема титула во Женскиот Лига Куп во сезоната 1991-92. Во 1992 клубот стана еден од основачите на Женската Премиер Лига, и ја освоија титулата во првата сезона. Заклучно со 2007 имаат освоено 9титули во 15 сезони[1] – повеќе од кој и да е друг клуб – и имаат освоено 4 последователни титули од 2004 до 2007.[2]

До 2007 Арсенал го имаат освоено Женскиот ФА Куп осум пати, и Женскиот Лига Куп девет пати.[1] Тука се вбројуваат и три двојни круни (Лига Куп и ФА Куп) во 1994-95, 2003-04 и 2005-06, и три домашни Тројни Круни, во 1992-93, 2000-01 и 2006-07.Клубот ја има претставувано Англија во Купот на УЕФА вкупно шест пати, стигнувајќи до полуфиналето двапати (во 2002-03 и 2004-05).

Сезоната 2006-07 беше најуспешната сезона на Арсенал до сега, освојувајќи го, покрај сите домашни натпреварување, и Женскиот Куп на УЕФА. Ова го остварија со победата од 1-0 против Умеå ИК во финалето. Ова беше прва титула за британски тим. Победата во Купот на УЕФА бее позначајна поради фактот дека противник на Арсенал беше професионален клуб, а тие се полупрофесионален клуб.[3] Исто така сезоната 2006-07, Премиер Лигата Арсенал ја освои со победа на секој натпревар (И22 П22 Н0 И0), постигнувајќи 119 голови а примајќи само 10.[4] Ја завршија сезоната со победа од 6-0 против Лидз Јунајтед на 20 мај 2007 и така успеаа да ја комплетираат сезоната без ниту еден загубен поен. Како признание за ова постигнување на 13 декември им беше доделена специјална награда од страна на Асоцијацијата на спортски новинари.[5]

Арсенал не успеаја да ја задржат европската титула во 2007-08, беа елиминирани од Олимпик Лион во четвртфиналето. Но сепак тимот успеа да стигне до финалето на Лига Купот, и се наоѓа на врвот на табелата со 11 победи во 11 натпревари. Последниот пораз на Арсенал беше од Чарлтон Атлетик ЛФК на 15 октомври 2003, што значи дека клубот не е поразен во лигата повеќе од четири години.

Играчи[уреди]

Формирани како аматерски тим, Арсенал добија полупрофесионален статус во 2002. Повеќето од играчите настапуваат и за своите репрезентации. Четири членови на првиот тим, вклучително и најголемата англиска женска фудбалска ѕвезда Кели Смит, настапија во англиската женска репрезентација на Женското Европско Првенство во 2005. Десет играчи од актуелниот состав имаат настапено за Англија на највисоко ниво.[6] За клубот настапуваат и интернационалки од Велс, Шкотска и Република Ирска, вкупно петнаесет членови на актуелниот состав имаат играно за својата репрезентација.[6]

Арсенал ЖФК исто така имаат и резервен состав, кој во најголем дел се состои од играчи од Академијата. Резервниот состав има освоено четири Женски Премиер Резервни лиги, и пет Женски Премиер Резервни Лига Купови во своето постоење.

Стадиони[уреди]

Дамите на Арсенал ги играат своите домашни натпревари на Медоу Парк, во сопственост на нисколигашот Борем Вуд во Хертфордшајр. Стадионот има капацитет од 4502, иако на лигашките натпревари обично има само неколку стотици посетители. Некои домашни натпревари се играат на други стадиони, натпреварите од Женскиот Куп на УЕФА се играат на Кларенс Парк, домот на Св. Албан Сити, а натпреварите од лига купот натпреварите на резервниот состав се играат на Паркфилд, дом на Потерс Бар Таун ФК.

Поврзаност со ФК Арсенал[уреди]

Женскиот тим ја има целосната поддршка од ФК Арсенал. Дејвид Дејн, поранечниот заменик-претседател на Арсенал, ја имаше позицијата на претседател на Арсенал ЖФК д онеговото заминување на 18 април 2007. Кит Еделман директорот на ФК Арсенал ја презеде положбата на претседател на клубот. Голем дел од играчкиот состав се ангажирани за развој и координација на женскиот тим и клупската Академија. Врската помеѓу двата клуба е значителна, двата тима ги делат спонзорствата од Авиокомпанијата Емирати и Најк, и женскиот тим има право да играат на стадионот на ФК Арсенал (Хајбери до сезоната 2005-06, Емирати оттогаш).

Овогодишен состав[уреди]

Заклучно со 2 февруари, 2008:[7]

Бр. Нац. Позиција Играч
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} ГМ {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} ОД {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} ОД {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} СР {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} ОД {{{name}}} (капитен)
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} СР {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} НП {{{name}}}

Почести[уреди]

Заклучно 28 април 2008.[1]

  • Женска Премиер Лига: 9
1992-93, 1994-95, 1996-97, 2000-01, 2001-02, 2003-04, 2004-05, 2005-06, 2006-07, 2007-08.
  • Женски ФА Куп: 8
1992-93, 1994-95, 1997-98, 1998-99, 2000-01, 2003-04, 2005-06, 2006-07.
  • Женски Лига Куп: 9
1991-92, 1992-93, 1993-94, 1997-98, 1998-99, 1999-00, 2000-01, 2004-05, 2006-07.
  • Женски Комјунити Шилд: 4
2000, 2001, 2005, 2006
  • Женски Куп на УЕФА: 1
2006-07
  • Женски ФА Куп: Лондон Каунти: 6
1994-95, 1995-96, 1996-97, 1999-00, 2003-04, 2006-07
  • АХА Челинџ Куп: 1
1998-99
  • Национална Лига Југ: 1
1998-99
  • Хајфилд Куп: 1
1990-91
  • Рибок Куп: 2
1991-92, 1995-96

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]